post

Ден 8: Капацитет за имплементација – 77 Подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Продолжуваме со осмиот ден од нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходниот ден (ден 7)се однесуваше за лидерството и подобрување на лидерството во твојот бизнис.

Досега го имаш подобрено твојот процес на креативноста, со што имаш подобри и повеќе бизнис идеи спремни за имплементација.

Но, прашањето е можеш ли да ги имплементираш сите тие идеи?

Повторно тука би сакал да напоменам дека бизнис идеи не се само идеи за нови производи или услуги, тие можат да бидат идеи за нови проекти, проширување на постоечки проекти, подобрувања, нови технологии, нови процеси, нови системи во твојот бизнис… Сето тоа се идеи кои ги имаш и кои едноставно се наоѓаат во “чекална” за имплементација.

Поради приоритизацијата, веќе знаеш што мора да биде имплементирано како прво, што како второ, а што како последно. И така, едно по едно можеш да започнеш да имплементираш различни идеи кои ќе го подобрат твојот бизнис.

Од друга страна, ова бара да имаш капацитети кои ќе се справуваат со различни процеси на имплементација кои во одредени случаи истовремено може да бидат повеќе. Не можеш да имплементираш нешто без капацитет. Не можеш ниту да одржуваш нешто ново доколку твојот бизнис и нормално ти како претприемач немаш капацитет.

Потребен ти е капацитет за процесот на креација на идеи. Ти треба капацитет за комуницирање на тие идеи со заедницата. Ти треба капацитет за имплементација на сите тие идеи.

Иако веќе доста имаш подобрено во овој процес кога станува збор за бизнис идеи, сепак како што веќе знаеш, секогаш можеме да најдеме нешто што може да се подобри, особено кога станува збор за бизнисите. Ова е еден систематски приод кој бара постојани инкрементални подобрувања на секој од твоите чекори кои ги спроведуваш како еден претприемач.

Кога зборуваме за подобрување на капацитетот на имплементацијата, се однесува на зголемување на способностите на бизнисот да имплементира колку што може повеќе идеи со колку што може подобар квалитет.

Еве некои прашања на кои ќе треба да дадеш одговор.

  • Дали имаш доволно способности за да ги имплементираш идеите?
  • Може ли нешто да биде подобрено тука?
  • Што е со времето? Имаш ли доволно време, или пак немаш доволно време и потребни ти се дополнителни човечки ресурси за да процесот на имплементација може да се спроведе?
  • Каков вид на човечки ресурси ти се потребни?
  • Можеш ли да ги издржиш трошоците на процесот на имплементацијата или пак ти требаат повеќе пари? Колку пари ќе ти требаат? Од каде можеш да дојдеш до тие пари?
  • Имаш ли доволно информации за процесот на имплементација, или пак ќе ти бидат потребни дополнителни информации за да се спречи дефицитот или пак можните “тесни грла”?
  • Што е со твоето знаење, вештини и искуство? Може ли твоето тековно знаење, вештини и искуство да го поддржат процесот на имплементација онака како што треба? Што можеш да направиш за да го подобриш твоето знаење, вештини и искуство?
  • Дали вработените имаат доволно знаење, вештини и искуство за имплементација на тие нови идеи? Може ли да го поддржат процесот? Можеш ли да направиш нешто за да го подобриш нивното знаење, вештини и искуство?
  • Што е со технологијата која во моментов ја користиш? Дали таа може да ги поддржи твоите нови идеи? Можеш ли да подобриш нешто во твојата тековна технологија или пак мора да инвестираш во нешто ново?

Следниот ден ќе се однесува на вториот сегмент на подобрувања, а тоа е процесот на бизнис планирање при што ќе започнеме со претходното искуство.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*