Дигиталниот маркетинг е уште еден сличен термин во интернет маркетингот.
Институтот за Директен Маркетинг (ИДМ) е институт кој се занимава со проучување на неговата специјалност на професионалната квалификација. За да ни го објасни пристапот за тоа како се користи дигиталниот маркетинг, ИДМ разви детално објаснување за истиот.
Дигиталниот маркетинг опфаќа: примена на технологија во облик на онлајн канали од типот на: интернет, е-маил, база на податоци и мобилна/безжична и дигитална ТВ. За постигнување на овие цели потребна е поддршка на активностите на маркетингот со цел да се постигне поголем профит за задржување на клиентите, во повеќеканален процес на купување. Покрај користењето на овие тактики на маркетингот, уважувајќи го стратешкото значење во развојот на дигиталната технологија и планирањето на пристапот до корисниците и преносот на онлајн сервисите, по пат на е-комуникација се применува и традиционалната комуникација. Задржувањето на оние кои користат интернет маркетинг се постигнува на тој начин што им се подобрува начинот на информирање на купувачите за одреден производ или стока со што се испраќаат разни видови на пораки на нивните профили, со што ја погаѓаат целта кон која се стремат потрошувачите и кои одговараат на нивните индивидуални потреби.
Ајде сега да го разгледаме секој дел поединечно од овој опис кој го дадовме.
Во првиот дел илустриравме дијапазон на пристапи и средства на комуникација кои формираат онлајн канали со кои е-маркетингот ги користи за изградба и развој на односите со клиентите. Пристапите или хардверските платформи опфаќаат PC, PDA, мобилни телефони и интерактивна дигитална ТВ и со овие содржини им се овозможи испорака покрај различните онлајн комуникациски алатки, како што се веб-сајтовите, порталите и пребарувачките блогови, е-поштата, инстант пораките и текст пораките. Некои исто така ги вклучуват и традиционалните говорни телефонии како дел од дигиталниот маркетинг. На пример онлајн банка користи многу од овие технологии со цел полесно да комуницира со своите клиенти, нормално по желба на потрошувачите, некои сакаат да користат интернет, други безжична или интерактивна телевизија, трети пак традиционалните канали.
Svennving во 2007 година сумира раст од користењето на оваа технологија.
Вториот дел од описот покажува дека би требало да биде технологија со која ќе се добијат нови клиенти и би ги одржала старите како постоечки клиенти. Исто така нагласува како дигиталниот маркетинг не ги изолира другите технологии, но најефикасен е кога е самостоен а не кога е интегриран со останатите комуникациски канали, како што се телефоните, директната пошта или лице-в лице интеграцијата.
Завршниот дел од описот сумира пристап кој е ориентиран на е-маркетингот. Тоа покажува колку има испланирано да постигне успех на пристапот преку интернет на веќе постоечките канали и мрежи кои се остварени од корисниците на овој маркетинг, избирајќи го миксот на е-маркетинг и традиционалната комуникација. Задржувањето на корисниците на мрежата треба да биде заснована преку истражување на карактеристиките на клиентите, однесувањето, вредностите кои ги прават верни на тој веб сајт, а потоа испраќањето на прилагодливи пораки, релевантни на веб и е-маил комуникацијата.
*****************************************************************
Овој напис е напишан од Кристина Алексоска – Постдипломец на Економски Институт- Скопје, отсек претприемнишво, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„-Скопје
*****************************************************************




Speak Your Mind