post

ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ ЗА ДОЗВОЛИ ЗА УВОЗ, ИЗВОЗ, ТРАНЗИТ И ТАРИФНИ КВОТИ

Како што веќе наведов ќе гледам што попрактични информации и блог написи да објавувам на претприемач. Инспирацијата за овој напис е една алатка која навистина го олеснува животот на увозниците и извозниците а многу малку врева се крена за неа иако веќе функционира одредено време. Првин знам дека голем труд беше вложен од страна на царинската управа на Република Македонија за да се спроведе еден ваков проект. Луѓето што работеа на проектот остануваат до доцните вечерни часови за да профункционира системот. Проверив дека само една веб страна има линк до овој сервис за едношалтерски систем и тоа само официјалната страна на царинска управа. Затоа си зедов за право да напишам нешто за овој сервис.
Првин нешто за историја. Едно време сите увозници и извозници мораа да одат од една институција до друга за да соберат еден куп на докоменти за непречено работење во надворешно-трговскиот промет. Да не споменувам моето искуство какво беше кога 4 години работев како виш цариник и виш цариник контролор кога еден куп на увозници или пак извозници со пристигнат камион за царинење не ни знаеа дека им треба некое документче за да нормално си ја завршат работата. Што се губи:

  1. Време. Камионот со производите за увоз или извоз стојат на царински терминал. А, времето е пари.
  2. Клиенти. Ако е за извоз производите ќе доцнат. Никој не сака да доцни нешто што е договорено. Зборовите на основачот на Toyota кога поминувал низ погонот биле Just-In-Time, Just-In-Time. А, знаеме што претставува Toyota денес. Aко е за увоз ќе доцни продажба за веќе платени производи или пак доколку се работи за репроматеријал ќе доцни производството.
  3. Пари. Се плаќа царински терминал за поминато време. Се плаќа транспортерот зошто превозното средство му е заробено. Се плаќаат пенали за доцнење.

Дали е сето ова потребно. Секако не! Овој сервис можете да го најдете на http://www.exim.gov.mk.

Што е Exim?

EXIM e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење.

Претприемачите треба и мора да го користат системот за:

  • Добивање на информации. Можете да пребарувате тарифни ознаки. Тарифна ознака е нешто што ја кажува царинската стапка и износ на ДДВ како и потребата од некои дозволи согласно формите на увоз и на извоз пропишани со Уредба. Можете едноставно доколку го знеате производот кој треба да го извезете или увезете да се информирате за потребна дозвола и кое министерство ја издава. Можете да се информирате за тоа кои тарифни квоти и од кои земји се достапни за распределба. Квоти претставуваат ослободување од царински давачки согласно одредени договори за слободна трговија.
  • Електронско поднесување на барања. Ова се барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на бизнисите, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Значи електронски од Вашата канцеларија можете да аплицирате за дозволи распределба на квоти и електронски да ја добиете.

Предностите кои претприемачите можат да ги добијат се наведени на самата страна:

  • Достапност на услугата 24 часа, 7 дена во неделата
  • Заштеда на време и трошоци за компаниите поради електронското поднесување на барањата
  • Зголемување на ефикасноста на процесот за издавање на дозволите
  • Стандардизирани и хармонизирани податоци во барањата кои во иднина ќе овозможат посеопфатна размена на податоците
  • Електронско следење на искористеноста на дозволите
  • Електронско поднесување на барања и транспарентна електронска распределба на тарифните квоти

Јас би додал и дека ќе се избегне корупција да некој надлежен инспектор ви го одолговлекува издавањето на документот. Системот бележи се и нема играчки.
Мој совет е сите претприемачи кои се занимаваат со увоз и извоз да ги корстат услугите на овој сервис бидејќи истите се за претприемачите.
Пред било која зделка проверете дали ви треба некоја дозвола:


Пред да нарачате производи на квота проверете дали има преостаната количина:


Пополнете барање и аплицирајте за потребните документи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*