audio

Епизода #25: Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете

Продолжуваме со дваесет и петтата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за тема поврзана со иновации и стартапи, односно за тестирање на претпоставки, односно хипотези за нова идеја или иновации.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се навратиме на темата на годината, иновациите која на некој начин е поврзана и со стартапи. Денеска не можеме да очекуваме дека можеме да научиме нешто и да го имплементираме онака како што сме го научиле во реалноста. Секој бизнис, ама баш секој бизнис функционира во крајно неизвесно опкружување. Дури слободно можеме да кажеме дека неизвесноста е единствената константа за секој бизнис.

Затоа денес мораме да учиме во исто време имплементирајќи го онаа што сме замислиле или што сакаме да имплементираме. Оваа може да се постигне само со креирање на претпоставки и тестирање, односно валидација на истите.

Кликни за слушање

Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат ќе:

  • Дознаете зошто денес не дава резултати учење па имплементација.
  • Дознаете што треба да правите како еден претприемач.
  • Дознаете да поставите претпоставки за вашите идеи за нов производ или услуга или пак бизнис воопшто.
  • Дознаете кои се стапиците кои ќе треба да ги избегнете при тестирање на претпоставките, односно хипотезите за нови идеи во вашиот бизнис или стартап.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема „Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?” во која ќе зборувам за нешто сосема поинаку од досегашната практика во која зборувавме за купувачите. Значи ќе зборуваме за некупувачи и неколку групи на некупувачи, како и за некои можни стратегии кои можете да ги користите за да ги трансферирате истите во купувачи Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*