audio

Епизода #27: Kако дo стандардизирани процеси

Се наоѓаме дваесет и седмата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за стандардизирање и тоа стандардизирање на процеси во бизнисот.

Претприемачки пат

Со оваа епизода на “претприемачки пат” ќе започнам една тема која што е поразлична од досегашните, но едноставно претставува основа за успешно функционирање на една компанија. Во услови на крајна неизвесност во опкружувањето на кое еден претприемач има многу мало влијание, градењето, одржувањето и подобрувањето на системи во самата компанија кои ќе бидат спремни да одговорат на сите сили кои доаѓаат од надворешноста претставува вистински императив за секој претприемач.

Стандардизација е потребна бидејќи едноставно без квалитетни стандарди нема ни можности за квалитетно следење на перформансите. А, пак оваа води до еден целосен хаос кој едноставно не дава никакви подобрувања за системите во самата компанија.

Кликни за слушање

Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат едноставно вие ќе:

  • Навлезете во еден вистински пример кој ќе ви покаже како немање на системи и квалитетни стандардни процедури води до драстично намалување на профитабилноста на компанијата.
  • Дознаете како да креирате стандардни процедури преку пример за систем за селекција на висококвалитетни кадри за вашата компанија.
  • Дознаете за некои други стандарди кои постојат и кои би требало да ги користите заради обезбедување на ефикасност и ефективност во вашата компанија.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема „како до стаблини процеси” која едноставно ќе претставува и продолжение на оваа епизода бидејќи едноставно стандардизација е нешто што води до стабилизација, но ќе навлезам и во некои други аспекти во однос на креирање на навистина стабилни процеси кои само ќе ви помогнат во реализација на ваште претприемачки цели. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*