Со оваа епизода на “претприемачки пат” ќе продолжам од темата за која зборував во минатата епизода. Тогаш зборував за стандардизација на процесите, а сега ќе зборувам за стабилизација на вашите деловни процеси. Оваа тема едноставно претставува суштината на сите ваши напори во обезбедување на соодветни системи во вашиот бизнис на кои слободно ќе можете да се потпрете.
Стабилизацијата на процесите е потребна за да се обезбеди конзистентност на работењето на вашата компанија, а не заради тоа да успеете да ја избегнете неизвесноста околу вашата компанија која постојано врши и ќе врши притисок врз вас.
Кликни за слушање
Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат едноставно вие ќе:
- Дознаете што претставува стабилизација на процеси и зошто е важно да обезбедите дека вашите процеси се стабилни.
- Дознаете како откриете кои процеси се нестабилни процеси во вашата компанија и што ќе треба да направите за да успеете да ги стабилизирате и воведете во процес на континуирано подобрување.
- Дознаете за некои почетни чекори кои ќе треба да ги направите во однос на стабилизација на процесите во вашата компанија
- Слушнете за еден пример како преку стабилизација и стандардизација на еден процес дојдовме до огромни подобрувања во однос на продуктивноста на самиот процес.
Транскрипт од оваа епизода
Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.
Најава за онаа што следува
Следната епизода ќе биде на тема „ефективно менаџирање на времето” при што ќе се обидам да сублимирам некои чекори за ефективно менаџирање на времето. Малку ќе се префрлиме од системско размислување на една исто така важна тема за секој претприемач, а тоа е личната продуктивност. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.
Speak Your Mind