audio

Епизода #30: Систем за ефективно менаџирање на времето

Продолжуваме со триесетата епизода на “претприемачки пат” во која повторно продолжуваме со продуктивноста односно ефективно менаџирање на времето за еден претприемач.

менаџирање на времето

Како што веќе најавив во претходната епизода, фокусот во следните неколку епизоди на “претприемачки пат” ќе биде на темата продуктивност, поточно за ефективно менаџирање на времето за еден претприемач. Ефективно менаџирање на времето е повеќе од користење на една “да направам” листа и алатки за имплементација на истото. Затоа во оваа епизода ќе продолжам со некои препораки за да успеете да имплементирате ефективен систем за менаџирање на вашето време.

Доколку навистина успеете да создадете нешто ефикасно и ефективно за вас како еден претприемач, лесно вашиот начин на работа и однесување ќе може да стане образец за однесување и од страна на сите ваши вработени.

Кликни за слушање

Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат едноставно вие ќе:

  • Дознаете дали и каков систем за ефективно менаџирање на времето ви треба.
  • Ја дознаете улогата на вашите цели во дизајнирање на систем за ефективно менаџирање на вашето време како еден претприемач.
  • Ја осознаете негативната улога на перфекционизмот кога станува збор за вашите работни задачи и процесот кој ќе треба да обезбеди да бидете попродуктивен претприемач.
  • Знаете како го трошите вашето време во текот на едно деноноќие преку шест категории на потрошено време.
  • Создадете основи на еден системски пристап кој ќе обезбеди продуктивност кај вас како еден претприемач

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема “како да бидете и останете поорганизиран” со цел да обезбедам еден вистински тек на информации кои ќе ви помогнат во подобрување на вашата претприемачка продуктивност. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*