audio

Епизода #33: Претприемачки часовник

Претприемачки часовник претставува еден вид на презентација на претприемачки процес со кој драстично се менува самиот процес кој се изведува од страна на претприемачите.

претприемачки пат - претприемачки часовник

Во оваа епизода, триесет и трета по ред на “претприемачки пат” зборувам за претприемачки часовник кој беше дизајниран пред неколку години за целите за книгата “Иновации и претприемништво”. Во последните неколку месеци часовникот претрпе неколку измени со што согласно моето искуство се вклучија сите елементи кои недостасуваа во претходната верзија.

За што станува збор?

Во оваа епизода дискутирам за следниве работи:

  • Кои се измените во претприемачкиот часовник кои ги направив во последните неколку месеци и зошто токму тие измени?
  • Од кои фази се состои претприемачкиот процес, односно кои се часовите кои еден претприемач ќе треба да ги помине во процесот?
  • Што претставува секоја од фазите, односно накратко кои се активностите кои претприемачот ќе треба да ги преземе во секој час од претприемачкиот часовник?

претприемачки часовник

Цитати од подкастот

  • Претприемачот е секогаш почетокот на претприемачкиот процес. Без него нема бизнис, нема претприемаштво. Тој има сопствени идеи и карактеристики како знаење, искуство, погледи кон светот, способности, креативност…
  • По генерирање на бизнис-идеи, претприемачот во претприемачкиот часовник ги придвижува стрелките кон вториот час од процесот (од 01:00 до 02:00), и во овој час поминува низ фазата на основачки дилеми.
  • Но, сопствените карактеристики, имањето на една или повеќе бизнис-идеи и одлуките во однос на основачки дилеми не значат дека ќе постои бизнис.
  • Маркетингот е постојано активен во определени делови и сегменти на претходните часови од часовникот, но сепак мора да биде потенциран како еден од најважните елементи за успехот на еден бизнис.
  • Луѓето веќе стануваат вистинска потреба во бизнисот, претприемачот и основачите не можат сами, мора да започне со ширење на бизнисот преку зголемување на бројот на вработени.

Прашање: Дали сте користеле претприемачки процес? Како изгледа тој ваш процес? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*


Warning: Parameter 1 to W3_Plugin_TotalCache::ob_callback() expected to be a reference, value given in /misc/25/000/213/213/5/user/web/pretpriemac.com/wp-includes/functions.php on line 3643