post

Епизода #34: Што да продавате производ или време?

Сигурно сте слушнале, ве учеле или пак сте прочитале дека услугите се наплаќаат врз основа на времето кое го вложувате во креирање на услугата. Сепак, тоа не е баш најдобар случај.

претприемачки пат 34 - што да продавате, производ или време

Во оваа епизода на претприемачки пат зборувам за eдно можеби суштинско прашање за вашата иднина, а тоа е што да продавате, производ или време. Не, ова нема да биде дефиниција на тоа што претставува производ, а што услуга, туку што добивате ако продавате услуга како производ, а што ако ја продавате истата како ваше време.

Преслушајте ја епизодата за тоа што да продавате производ или време?


iTunes RSS Сите епизоди

За што станува збор?

Во оваа епизода дискутирам за следниве работи:

  • Која е разликата кога услугата се продава како производ и кога се продава како потрошено време за изработка на услугата?
  • Зошто продажбата на услуги како потрошено време не гарантира ниту овозможува голем раст на вашето претпријатие или бизнис кој што го креирате?
  • Каков е односот помеѓу приходи и трошоци кога користите стратегија на продажба на услуга како потрошено време и стратегија на продажба на услуга како производ?
  • Каков раст ќе реализирате кога услугите ги продавате како производ?
  • Кога би можеле да ја користите стратегијата на продажба на услуга како време?

Цитати од подкастот

  • Понатаму, можеби ќе одлучите да вработите некој кој ќе ви помогне, со што ќе ја поделите работата но и заработката нормално со што и вие помалку ќе заработите, односно можеби ќе останете на истото ниво.
  • Вашето време има фиксен износ. Единствениот начин за раст е да им платите на повеќе луѓе да го инвестираат нивното време за производство на повеќе услуги или пак да го зголемувате вашето сопствено време се до целосно исцрпување и губење на енергија.
  • Затоа, пред да се одлучите да продавате услуга на основа на вложено време за производство на услугата, добро размислете за тоа што сакате да постигнете. Доколку креирате само работно место за вас како еден самовработен, а не претприемач тогаш е ОК.

Прашање: Дали сте имале искуство со продажба на услуга како дел од операциите на вашиот бизнис? Доколку да, што мислите за продажба на услуга со цена базирана на потрошено време за производство на истата? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*