audio

Епизода #35: Користење на информациска технологија за поттикнување на иновации

Денес едноставно не смееме да имаме изговор за некористење на информациска технологија во секојдневните деловни активности, особено иновација.

претприемачки пат 35 - користење на информациска технологија за иновации

Во оваа епизода ќе зборувам за користење на информациска технологија за поттикнување на иновација во вашиот бизнис. Можеби веднаш ви звучи како нешто сложено, нешто што бара висока технологија и нешто недостапно во моментов за вас како еден мал бизнис. Но, верувајте имам искуство со некои бизниси користејќи ги нивните постоечки ресурси, малку креативност и имплементирање на процес на експериментирање да успееме да иновираме сосема нови процеси, да подобриме постоечки процеси и тоа да резултира во зголемување на приходи од 200-300%.

Преслушајте ја епизодата за користење на информациска технологија за поттикнување на иновации


iTunes RSS Сите епизоди

За што станува збор?

Во оваа епизода дискутирам за следниве работи:

  • Што значи користење на информациска технологија во малите бизниси?
  • Како користење на информациска технологија во малите бизниси може да влијае на иновативноста на малите бизниси?
  • Дали и како традиционалните бизниси може да иновираат со помош на користење на информациска технологија во?
  • Како малите бизниси може да ја користат информациската технологија за поттикнување на иновација кај нив?

Цитати од подкастот

  • Да се користи информациската технологија во бизнис цели не е само пишување на документи, маркетинг на Фејсбук или Твитер како и испраќање и примање на електронска пошта она што се прави со информациската технологија. Постојат и многу други начини на користење на оваа технологија со што директно ќе можете да влијаете на иновативно работење на вашата компанија.
  • Не значи дека треба драстично да ги зголемите трошоците. Но, значи дека треба да го промените начинот на кој носите одлуки, но и да најдете начин, односно да имплементирате процеси со што ќе се мерат и запишуваат сите важнои мерки во однос на различни процеси и различни активности предвидени со тие процеси.
  • Се започнува со барање на начин за дигитализирање на деловните процеси, или пак оние најважните процеси.
  • Не стравувајте од експериемнтирање и она што тие експерименти ќе ви покажат. Дури и резултатите да се навистина лоши, вие нешто ќе научите, а новонаучено нешто е основа за промени, и тоа е иновација.

Прашање: Како ја користите информациската технологија за да бидете подобар иноватор? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*