post

еСаем за Бизниси – MakExpo – Виртуелен Бизнис Саем

Некако во последните недели како да стана пракса по еден корисен портал неделно да презентираме на претприемач. Кога ставив насловот на овој напис излезе многу голем па се одлучив за ваков пократок. Но, насловот кој првпат го стави беше: „Бизнис портал кој има потенцијал да го смени начинот на презентирање на бизнисите и кој ќе ги направи рамноправни во светот“.

MakExpo е интернет портал кој претставува виртуелен бизнис саем за бизниси од сите големини. Порталот е изграден врз една основна намена – можност за виртуелно учество на саем на сите компании во Македонија! Од оваа појдовна точка, развена е платформа во која било која компанија од Македонија (или од странство!) ќе може да „закупи“ виртуелен простор на еСаемот и да се рекламираат себеси или своите производи! Секоја компанија може БЕСПЛАТНО да се регистрира на порталот и со тоа добива едногодишна (да, едногодишна!!!) бесплатна промоција, како и БЕСПЛАТНА промоција на еден свој производ! Со самото регистрирање – таа станува член на МакЕкспо саемот. За да се регистрирате кликнете на:


И бидејќи регистрацијата не чини ништо, достапна е за сите претпријатија, било да се тоа микро, мали, средни или големи! Дополнително на ова постојат и 3 „пакети“ на услуги коишто МакЕкспо ги наплатува и тоа:

  • Основен Пакет – вклучува до 10 дополнителни производи/услуги по компанија и чини 3.499 денари;
  • Стандард пакет – вклучува до 100 дополнителни производи/услуги по компанија, + 1 т.н. „спонзориран производ“ (се појавува прв при пребарување на истиот или при под-саемот на дејноста на компанијата), каталог на производи/услуги и чини 7.499 денари;
  • V.I.B. (Very Important Business) пакет – вклучува до 500 дополнителни производи/услуги по компанија, + 3 т.н. „спонзорирани производи“ (се појавуват први при пребарување на истите или при под-саемот на дејноста на компанијата), каталог на производи/услуги, гарантирани вкупни 500.000 прикажувања за сите спонзорирани производи на Интернет мрежата и чини 28.499 денари;

Дополнителна алатка е тоа што еСаемот можат да го посетуваат и индивидуи и разни бизниси! Па така, преку алатката за пребарување може да пребарувате по: компании (од регион, од Вашиот град, од целата држава), по производи/услуги, или пак по каталози од одредена индустрија! Индивидуите можат да пребаруваат производи или услуги од нивен моментален интерес, додека компаниите можат да пребаруваат други компании од било каде, и нивните продукти или продукти кои им се потребни. Пребарувањето вклучува: вид на продукт, цена, слика од продуктот, компанија-производител, начин на доставување, адреса, контакти…

Дополнително, секоја од вкупно 30-те индустрии е поделена во повеќе категории на под-индустрии, а истите се менуваат на секои 2 недели, со што практично се добива еСаем на секои 2 недели (на пр. Саем за мебел, Саем за градежништво), а алатките за пребарување можат да се користат 24/7, 365 дена во годината!

Целиот еСаем е замислен да функционира тотално електронски, со минимално можно учество на човечкиот фактор, така да одбирањето на пакети и плаќањата се вршат по пат на автоматски генерирана фактура која ја добивате по е-пошта веднаш по регистрирањето на Вашата компанија и одбирање на соодветниот пакет. Воедно, од моментот на плаќање на истата, добивате и Договор за соработка, по чиешто потпишување и се официјализираат правата и обврските на МекЕкспо и клиентот.
Овој портал има неколку поволности за претприемачите:

  • Прва е достапноста на сопствените производи на една глобална интернет мрежа.
  • Втората е можност за лесно пронаоѓање на идни бизнис партнери преку една голема база на податоци.
  • И за бизнис со бизнис бизнисите можност за лесно пронаоѓање на потенцијални клиенти.

Интензивната промоција на порталот е најавена за почетокот на 2010, но бета-верзијата е веќе пуштена и сите заинтересирани може слободно уште сега да ја посетат страната и да се вклучат во МакЕкспо – Саем за сите! Затоа регистрирајте се и презентирајте ја Вашата компанија ништо нема да загубите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Гого Рафајловски says:

    Ти благодарам на натписот Драган…!

    Изминативе денови ги добивме и првите компании од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а благодарение на тебе и доста нови посетители – потенцијални клиенти!

  2. Анонимен says:

    Феноменално напишано!!! Навистина сум изненаден од тоа како го гледаш веб системот; дури и јас самиот не го замислував така и не би можел да го опишам со такви зборови. Секоја чест.

Speak Your Mind

*