post

Ете зошто вашиот вебсајт не носи продажби

За авторот: Гостински пост од Блаже Аризанов, раководител на одделот за Дигитален Маркетинг во Mobiloitte Индија.
Многумина ќе ви речат дека треба да го промените ова или друго или трето во вашиот вебсајт. Банерот е премногу наметлив и делува одбивно, премногу детали на домашната страна (Home Page), или боите се несоодветно избрани и противречни во однос на вашата генерална бренд порака.

модел на приходи

Така и мене ми велеа. И на основа на такви совети многумина успеаа да се позиционираат себеси како гуруа, експерти итн. Но ние останатите и понатаму не реализиравме зголемена продажба. За нас тешко дека нешто се промени.

Горе споменатите совети држат вода – aко сте сеуште на факултет. Но кога еднаш станете одговорен на еден цел оддел за дигитален маркетинг на компанија чија што клиентела се простира низ 6 континенти, ќе мора да се потрудите малку повеќе од бои и менија за да објасните каде длабински лежи проблемот.

Само да се потсетиме на една универзална вистина – вашиот вебсајт е создаден за да продаде. Точка. Брендирањето и информативните својства доаѓаат после тоа. Ричард Бренсон нема потреба да го поплави Virgin.com со црвена боја. Наместо тоа тој самиот се облече како црвена стјуардеса. Погодете кое од  двете е поспособно да ги втисне белезите на неговиот бренд во вашиот ум.

Каде треба да го барате одговорот ако вашиот вебсајт не носи конверзија?

Одговор – Во бројките!

За среќа имаме една феноменална алатка која повеќето од вас сигурно ја знаат – Google Analytics. Податоците кои можете да ги добиете од таму се бројни. Проблемот лежи во декодирањето на тие бројки и донесување на соодветни  инпути и анализа на нивна основа.

Досега сме јасни така? Доколку вашиот вебсајт во последно време не носи продажби, време е да нурнете под хаубата и да видете што се случува таму. Подолу ќе образложам неколку примери кои доаѓаат од мое сопствено искуство во компанијата кадешто работам.

Иако е лесно да се изгубите во морето показатели и индикатори што Google Analytics ги продуцира за вашиот вебсајт, постојат неколку показатели кои можат да Ви дадат инстант претстава околу тоа каде лежи проблемот. Во оваа прилика ќе образложам 2 параметри:

  • Landing Pages (првата веб страна на која налетува посетителот при посетата на вашиот вебсајт)
  • Exit Pages (последната страна која таквиот посетител ја разгледува пред да го напушти вашиот вебсајт).

Приказот подолу содржи историски податоци ​​ ​од вебсајтот на  Mobiloitte, мојот актуелен работодавец.

landing page

Ова е Excel табела која самиот ја составив за да имам целосен преглед на сите индикатори кои се битни во оваа категорија. Што можеме да откриеме од овој преглед?

  • Домашната страна ( root domain или www.yourdomain.com)носи најголем дел од посетите на нашиот вебсајт – 5964. Постои дебата околу тоа дали ова е добро или не. Едни велат дека тоа е сосема ОК – Интернет сурферите го окриваат нашиот вебсајт и понатаму се филтрираат низ поединечните страници во зависност од тоа што ги интересира. Друга група (во која што припаѓам и јас самиот ) велат дека бројот посетите на root domain не треба да биде  толку  различен од бројот на посетите на останатите страни.

Поинаку кажано, треба да се обидете да го пренасочите сообраќајот кон целните страни кои се одговорни за конверзија (оние кои содржат чист повик за акција со соодветен стимуланс (како на пример бесплатна Е-книга во замена за твоите податоци)

Ист е принципот кога станува збор за SEO и Link building – SEO експертите велат дека кога градите линкови кон вашиот вебсајт на пример преку гостински статии, истите е подобро да водат кон конкретни целни страни наместо кон главната (root) страна и со тоа да ги зголемите шансите за инстант конверзија наместо да го оставите посетителот самиот да сурфа низ домашната страна додека да реше да преземе следен чекор, ако воопшто реши.

  • Стапка на отскок или Bounce rate. Доколку истата е повисока од 70% тоа значи дека посетителот слетува на одредена страна од вашиот вебсајт, не го наоѓа тоа што го интересира и веднаш го затвора вебсајтот (тоа му кажува на Google дека згрешил во препораката на вашиот вебсајт за таа конкретна личност, и поради тоа ќе се потруди да не ја направи истата грешка во иднина).
  • Нови посети или New Visits. Она што сакате да го видите во оваа колона зависи од вашата мометнална продажна стратегија. Доколку приоритет на вашиот продажен план за тромесечјето или за месецот е одредена услуга, тогаш најголем дел од новите посетители на вашиот вебсајт треба да потекнуваат токму на веб страната на таа услуга. Доколку тоа не е случај, ова значи дека недоволно ја промовирате таквата услуга преку социјални медиуми или PPC. Јас во тој период имав за задача да ја промовирам и зголемам свесноста за една од нашите приоритетни понуди – RoR програмирање (технологија за изградба на вебсајт). Според тоа, тој дел од задачата беше успешен судејќи според бројот на нови посетители кои слетуваат на таа конкретна страна – 92%

Полека дојдовме до втората група параметри за денес. Погледнете ја табелата подолу..

exit page

Во интерес на едноставноста и прегледноста,  решив да ги елиминирам останатите членови на анализата и да се задржам само на неколку од нив. Exit Page ни кажува која е последната страна која посетителот ја разгледува пред да го напушти вашиот вебсајт.

Се сеќавате што рековме погоре – единствената и најважанта цел на вашиот вебсајт е да донесе продажба или да го турне процесот еден или неколку чекори понапред (доколку вашиот бизнис е B2B).

Кога станува збор за B2B вебсајт не треба да се задоволите со ништо помалку од тоа да посетителот реши да остави дел од своите податоци пред да го напушти вашиот вебсајт. Само тогаш можете да зборувате за успех.

Такви веб страни во нашиот случај се страната “Контактирај Не”(Contact Us), и Кариера (Careers)  кои се обележани со зелено. “Контактирај Не” е непосредно поврзана со генерирање на нов бизнис и затоа од ваш интерес е да поголем број од посетителите слетаат на таа страна и ги остават своите податоци.

Од друга страна истата табела ми помогна да откријам одредена слабост. Погоре реков дека целта на мојата компанија во моментот кога ме најми беше да ја зголеми продажбата за RoR услугата.Во претходната табела видовме дека кога станува збор за нови посетители, показателите се доволно добри. Но сега овде гледаме дека дури 71.88% од посетителите кои ја отвараат таа страна престануваа овде и го напуштаат вебсајтот.  Големата разлика меѓу бројот на посетите и бројот на конверзиите укажуваат на длабок јаз кој посетителите некако не можат да го премостат.

Овде можеме да забележиме класичен пример за вебсајт кој не носи конверзија во однос на посакуваната цел.  Кои би можеле да бидат причините и што би можело да биде направено?

  • Содржината на таа страна би можела да биде премногу обемна или несоодветна што би го натерало посетителот брзо да изгуби интерес
  • Не постои доволно силен повик за акција или квалитетен механизам кон нежно би го водел посетителот кон нашата крајна цел (пополнување на формата за нов проспект)

Значи повеќе од јасно е дека треба да ја модифицираме нашата RoR страна и да ја направиме способна да ги претвори посетителите во проспекти. Тоа би можело да биде направено преку пласирање на едукативен ресурс од областа на RoR програмирање во форма на банер кој доколку биде кликнат ќе  го одведе посетителот до нова страна кадешто ќе може да ги остави своите податоци како на пример емаил адреса во замена за бесплатно симнување на едукативниот ресурс. Бидете сигурни дека тој ресурс е доволно атрактивен да го натера посетителот да појде по него.

Направете слична анализа и потрудете се да откриете слични јазови во вашиот вебсајт пред да решите какви корективни активности да преземете. Доколку е потребно појаснување, слободно пишете во коментар.

Ви посакувам успешен бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*