post

Фаза опаѓање од животниот циклус на производите

Животни циклуси на производи

Животни циклуси на производи

Фазата опаѓање е предпоследна фаза од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба. Тој производ влезе во фазата на раст и зрелост, за потоа да дојде во фазата стагнација која едноставно претставува продолжување на зрелоста. Оваа фаза (опаѓање) од животниот циклус на производи всушност претставува првиот знак дека треба да се подготвуваме за прекин на производство и продажба на тој производ.

Зошто сега опаѓање?

Како што поминува времето, така ќе се менува и расположението на купувачите во однос на соодветен производ и/или услуга предизвикано со промени на потреби, промени во размислувања, промени во околината… Сето ова влијае да се формираат голем број на ниши на пазарот кои ќе бидат водени од претприемачи на малите бизниси, со што полека но сигурно пазарот ќе почне да се цепка на поситни делови.

Претприемачите спротивставувајќи се на таа status quo ситуација на пазарот, и долго време без некои покрупни иновации кои доведуваат до мала дремка на големите компании, големите играчи на пазарот и сите мали бизниси кои едноставно се задоволуваат со трошките останати од големите, ќе доведат сосема нови идеи кои полека, но сигурно ќе бидат прифаќани од одредена група на купувачи.

Поради тие нови идеи преку алтернативни начини за задоволување на потрошувачите ќе започне опаѓање на продажбата и влез на еден производ во фазата опаѓање од животниот циклус на производите.

Карактеристики на фазата опаѓање од животниот циклус на производите

Накратко ќе се обидам да ги систематизирам карактеристиките на оваа фаза:

  • Намалување на продажбата. Прва карактеристика која би ја издвоил е намалување на продажбата на тој производ и/или услуга како резултат на заситеноста на потрошувачите и идеите за алтернативни начини за задоволување на потрошувачите.
  • Големите компании се последни кои ќе го почувствуваат ефектот од намалување на продажбата. Нормално, бидејќи имаат големо учество на пазарот намалувањето на продажбата ќе има помало влијание за големите компании.
  • Не е дозволиво успивање. Иако досега во претходните две фази беше еден период на условно кажано „опуштање“, оваа фаза е период кога мора повторно да се разбудиме од сонот на „нашата голема високост“ и нормално да донесуваме одлуки.
  • Потребен е поглед кон иднината. Каде ќе се движи компанијата понатаму во поглед на развојот на нов производ и/или услуга? Одлуката мора да се донесе во оваа фаза.

Иднината на производот…

Иднината на производот исклучиво ќе зависи од одлуката на компанијата. Пазарот веќе си го кажува своето – не го сака веќе! Постојат две алтернативи:

  • Спротивставување на промени ризикувајќи компанијата веќе да не постои
  • размислување за опцијата за елиминирање и започнување со подготовка на нов циклус преку развој на нов производ.

Интересен случај поврзан со оваа фаза од животен циклус на производите кој една многу успешна компанија од 80-тите години на минатиот век ја доведоа до банкрот и губење од глобалната карта на бизниси е опишан во Производ кој не може да се убие.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Pextattekly says:

    [color=#00FFFF][size=17]Tur Glas sind teurer SLR.[/size][/color]
    Zur gleichen Zeit, Inter Cooler Preis, der immer sehr vorteilhaft ist, fuhrt auch in Bezug auf den Verkauf in Russland fur segmesta Markt von Kuhlschranken mit Glasturen, in erster Linie zur Demonstration prodtsktsii verwendet.
    Die maximale Gro?e eines Schrank Stange Coupe mm.
    Danke, Bogen, und das ewige Gedachtnis pogibshimHELLIP;

Trackbacks

  1. […] на зрелоста по која едноставно започна фазата опаѓање од животниот циклус на производи која всушност […]

Speak Your Mind

*