post

Фаза стагнација од животниот циклус на производите

Животни циклуси на производи

Животни циклуси на производи

Стигнавме до фазата стагнација од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба. Тој производ влезе во фазата на раст и зрелост. Оваа фаза (стагнација) од животниот циклус на производи всушност претставува продолжување на претходната фаза – фаза зрелост. Тоа значи дека раст веќе нема да има, продажбата ќе биде на едно константно, но сеуште највисоко ниво бидејќи сеуште не е започнато опаѓање.

Карактеристики на фазата стагнација од животен циклус на производите

Накратко ќе се обидам да ја претставам ова фаза преку некои најважни карактеристики на истата.

  • Пазарот е смирен и во глобала опслужуван од неколку големи бизниси. Во ова фаза онаа почетна еуфорија за производот е стабилизирана и едноставно најуспешните опслужуваат голем дел од пазарот. Слободно може да се каже дека во оваа фаза на пазарот владее 80/20 правило или Парето принцип – 20% од компаниите задоволуваат 80% од пазарот и 80% од специјализирани компании го задоволуваат остатокот од 20% од пазарот.
  • Главната војна е за зголемување на учеството на пазарот. Целта на секој бизнис е да има колку што може поголемо учество на пазарот, бидејќи во една ваква ситуација, оној со најголемо учествоќе има и најголем профит.
  • Цените се релативно стабилни. Во оваа фаза нема некои крупни флуктуации во однос на цената на производот и/или услугата. Едноставно обидот е колку што може повеќе да се извлече од тој производ на досегашната цена.
  • Конкурентноста не се базира на ценовни стратегии. Новите играчи не се обидуваат да конкурираат на цената во однос на староседелците на пазарот. Свесни се дека тоа е најголемото оружје во рацете на водечките компании. Затоа помалите компании ќе се обидат да конкурираат на специјализирана ниша од тој пазар задоволувајќи специфични потреби на мал процент на потрошувачи.
  • Се следат потребите на потрошувачите. Многу важен елемент од оваа фаза е да се разбере како ќе се движат идните потреби на потрошувачите особено за да се вклучат во развој на идни производи.

Награда или казна

Оваа фаза може да биде најголемата награда за успехот на еден бизнис, но може да биде и една од најголемите казни карактеристични со огромни напори во маркетинг за да се задржи позицијата обезбедена во претходната фаза од животниот циклус на производите. Сепак, во оваа фаза еден бизнис и тој производ се наоѓаат во индустрија која е без перспектива за раст. Па сите поголеми трошоци можат да влијаат на профитабилноста на производот.

Иднината на производот…

Во оваа фаза може слободно да се каже дека производот е во својата најнапредна фаза. Не се очекуваат понатамошни подобрувања, што е и нормално кога знаеме дека набргу ќе почне да опаѓа и потребата и продажбата на овој производ. Зошто да вложуваме пари.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*