post

Големи идеи и не мора да бидат големи идеи

Сите ние имаме големи идеи, но сепак само еден мал дел од нив може да се реализираат, се реализираат или пак воопшто ниедна нема да се реализира. Тоа е реалноста.

големи идеи

Еден проблем кој го забележувам е барање и чекање на таа мноооогу мнооогу голема идеја и тогаш бууууум успехот е неминовен. Но, во 99,99999% на случаи таа голема идеја воопшто нема ни да дојде. Секако дека големите идеи имаат и поголема бизнис потенцијална енергија, но сепак мора да ви биде јасно и тоа дека голема потенцијална енергија не значи дека успешно ќе се трансформира во тој износ во кинетичка енергија која носи до успехот.

Затоа сметам дека голема идеја не треба и не мора да биде баш голема идеја.

Зошто?

  1. Затоа што големи идеи не постојат, постои збир на добро усогласени мали идеи кои може да претставуваат голема идеја.
  2. Затоа што онаа што за вас можеби се чини голема, за тековните купувачи во нивните сегашни или идни размислувања може да биде мало.
  3. Затоа што големите идеи тешко може да се реализираат, особено доколку сте стартап претприемач.
  4. Затоа што големите идеи како збир на многу мали идеи не дозволуваат фокусираност во тестирање на хипотезите поврзани со истите.
  5. Затоа што големите идеи бараат големи прилагодувања при имплементацијата, кои пак може да довдедат до сфаќање дека и не се толку големи.
  6. Затоа што големите идеи не може ниту да се појават изолирано, ниту пак да се имплементираат изолирано од екосистемот во кој ќе функционираат.

Сакате да започнете со нешто големо? Тогаш започнете со нешто мало кое ќе го прилагодувате, поправате и ќе му додавате се со цел да стане големо. Но, не заборавајте, вашата улога е да продавате, затоа што доколку некој не е спремен да плати за вашата голема идеја која решава голем проблем и претставува голема вредност сепак не претставува ниту голема идеја, ниту решение за голем проблем, ниту пак голема вредност за „купувачите” кои во таков случај не постојат.

Бидете внимателни. Започнување, па и водење на бизнис е експериментирање, прилагодување врз основа на резултатите од експериментите, тестирање на постигнувањата и повторување на циклусот експеримент – прилагодување – тестирање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*