post

Google Adwords – Маркетинг средство 74

Google Adwords - Маркетинг Средство

Google Adwords - Маркетинг Средство

Стигнавме до 74-тото маркетинг средство на претприемач кои во изминатата година ги обработуваме по едно неделно. Како што најавив претходно, оваа маркетинг средство ќе биде претставено во еден серијал на неколку постови, бидејќи сметам дека е значајно, а не може да се опфати се одеднаш.

Како прво што можам да кажам е дека иако изгледа едноставно, сепак не е. Успешна Google Adwords кампања претставува комбинација на уметност и наука. Комбинација на креативност и математика. Комбинација на идеи и аналитичност. Доколку не се гледа вака, едноставно кампањата ќе е поблиску до неуспех, отколку до успех. Запомнете, неуспехот може да ве чини големи пари.

Во една ваква кампања постојат многу правци: од едноставни до сложени. Од оние кои ќе се завршат за неколку часа за активирање на кампањата, до оние за кои ќе бидат потребни неколку денови па дури и цела недела. Од оние кои ќе дадат резултати до оние кои само ќе ви потрошат одредена сума на пари. Целта на овој серијал на постови е да спроведете кампања која нема да биде дизајнирана за неколку часа и која нема единствениот ефект да биде потрошени пари.

Што ќе биде опфатено во овој серијал?

Серијалов сакам да биде колку што може покомплетен и затоа многу време потрошив во дизајнирање на квалитетна презентација преку блог постови. Не сакам да биде едноставен серијал од точки за тоа како да направите нешто бидејќи иако изгледа едноставно сепак претставува едно доста комплексно маркетинг средство. Доколку сакав да го претставам едноставно би го напишал во еден пост со следниве точки:

  • Регистрирај се за Google Adwords сметка
  • Избери клучни зборови
  • Постави ги тие клучни зборови во кампањата
  • Определи буџет
  • Активирај

Сепак, согласно мое лично искуство и проучувања во изминативе две години и согласно неколку обуки и вебинари (за кои плаќав и до 500 долари еден) не е така едноставно како што е наведено во горните подточки. Недостасува цел еден процес пред започнување и цел еден континуиран процес по започнување, кои всушност се клучните за успешна кампања и секако најсложените.

Затоа овој серијал ќе биде дизајниран без оние горни чекори (кои ќе бидат опфатени во насловите) туку со следниве наслови:

  • Вовед во Google Adwords. Во овој пост ќе навлеземе во Google Adwords како маркетинг средство. Ќе презентираме што претставува, како било во минатото и како „треба“ да биде сега.
  • Клучни зборови. Како и за SEO и овие кампањи бараат клучни зборови. Затоа посебен наслов ќе посветам на клучни зборови кои имаат сличност со она што го зборувавме за SEO но со некои разлики кои може да имаат големо влијание на кампањата.
  • Негативни зборови. Темата за негативни зборови ќе ја „начнеме“ во воведните излагања, но тука со овој наслов ќе навлеземе малку подлабоко во однос на тоа што претставуваат негативни зборови, зошто се важни и како да ги користите.
  • Вредноста на посетителот. Посебен наслов ќе посветам и на една мерка од која што во голем дел ќе зависи севкупната кампања, а тоа е вредноста на посетителот. Никој не сака да губи пари.
  • Петоаголник за рангирање на квалитет на кампања – Quality Score Pentagon. Рангирање на квалитетот на кампањите Google го изведува за секоја збор, не кампања. Затоа е и многу важно да севкупната кампања и соодветните зборови во истата да бидат во согласност со овој петоаголник кој ќе го презентираме тука.

Во меѓувреме доколку во текот на овие посебни постови дојдам до нешто што би сметал дека ќе биде важно ќе додадам нов наслов. Па, започнуваме уште оваа недела.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] маркетинг средства на претприемач кој се однесува на Google Adwords како маркетинг средство. Како што најавив во постот Google Adwords – маркетинг […]

  2. […] продолжиме со серијалот за Google Adwords како маркетинг средство. Во претходниот пост насловен како Воведни излагања […]

  3. […] продолжиме со серијалот за Google Adwords како маркетинг средство. Претходниот во Воведни излагања ги опфативме […]

  4. […] продолжиме со серијалот за Google Adwords како маркетинг средство. Во Воведни излагања ги опфативме основите за тоа што […]

  5. […] Google Adwords – Маркетинг средство 74. Во овој пост ќе ги најдете линковите до серијалот на постови за Google Adwords кој претставува една PPC кампања. […]

Speak Your Mind

*