Дали мора да бидеме просечни? Дали мора да бидеме подпросечни? Дали мора и треба да се задоволиме со просечноста? Дали мора да ја прифатиме просечноста?
Секако дека одговорот е не. Од нас и од вас зависи.
Да се биде просечен значи:
- Да се прави се онаа што сите други или мнозинството го прават.
- Да се однесува онака како што сите други или мнозинството се однесува.
- Да се постапува согласно сите стандарди и норми врз основа на кои постапуваат сите други или пак мнозинството.
- Да се движи во насока во која се движат сите други или пак во која се движи мнозинството.
Кога го пишувам оваа едноставно ми доаѓа на ум само еден и еден збор, а тоа е “црно-бел” свет.
Да се биде подпросечен значи или да се прави во помала мерка онаа што го прави просекот или пак воопшто да се нема “гајле” за онаа што се случува и прави во околината.
И во двата случаи преовладува онаа праисториско во нас, да се преживее и колку што може повеќе да се опстои на позицијата на која се наоѓаме.
Дали животот би бил интересен доколку се е исто околу нас. Надпросечните го прават животот интересен. Натпросечните иновираат, ни ги обезбедуваат производите кои секојдневно ги користиме, не забавуваат, не опсипуваат со уметност од различен вид…
Како да се биде натпросечен?
Еве некои совети:
- Поставете цели за кои ќе се борите се додека не ги реализирате без разлика на стотиците или пак подобро илјадниците сопки кои ќе реба д аги поминете.
- Сонувајте, соништата не се забранети, но обидете и да ги реализирате, бидејќи само соништата не ве влечат од групата на просечните.
- Слободно бидете различни во изглед, размислување, зборување, однесување… Тоа значи дека сте креативен и дека размислувате со сопствена глава, а не нечија туѓа.
- Не стравувајте од пробување на нови работи или преземање на чекори кои досега не биле преземени. Доколку не пробате нема ни да знаете дали сте биле или не сте биле во право.
- Неуспехот не е нешто забрането туку претставува поттик да се продолжи за да се постигне успехот. Надпросечните имаат повеќе неуспеси отколку успеси. Не е важно колку пати ќе паднете, важно е да научите секогаш да станувате.
Системот не учи да бидеме просечни, но сепак мислам дека можеме да го победиме системот и да бидеме надпросечни што значи полека но сигурно да го преземеме системот во наши раце и ние да поставуваме стандарди кои ќе претставуваат просек за некои идни генерации. А, пак тие идни генерации подучени од нашето искуство ќе се борат да го победат нашиот систем и нашите стандарди, но тогаш едноставно потсетете се дека и ние бевме борци и нормално е да доаѓаат нови надпросечни генерации со нови идеи и нови стандарди.
Само надпросечните го менуваат светот.




Speak Your Mind