post

ИНКУБАТОР ИЛИ ЧАДОР СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ

Светските искуства зборуваат дека со отварање на инкубатори или со примена на чадор стратегијата во голема мерка може да се допринесе за развојот на една економија. Инкубатори се место каде нешто се развива, а чадор представува заштита за да тоа нешто се развива. Двата термина означуваат развој на мали и средни претпријатија, а со тоа и на развојот на претприемништвото. Главни ефекти од развојот на економијата подразбира зголемен прилив на финансиски средства, развој на техника и технологија, како и зголемено вработување, што придонесува за подобра економска состојба во општеството.

Економска кризата во Јапонија покажа дека главниот товар за излегување од кризната состојба ја понесоа малите и средните претпријатија. Тие поради својата флексибилност успеаа да се прилагодат на тешките економски услови, ги намалија трошоците во работењето и прифатија намалување на профитот, а со тоа ги растеретија големите гиганти кои и понатаму останаа конкурентни на светскиот пазар.

Така да развивање на малите и средни претпријатија претставува благодет за владата, за големите компании а и за секој поединец од општеството. Па во светските рамки имаме голема примена на инкубатори или чадор стратегија во кои се развиваат мали и средни претпријатија.

Најголем промотер на отварање на инкубатори е државата. Државата може значително да го олесни започнувањето и развојот на претпријатието, како и да му отежне во работење дури и да го уништи. Но, државата има моќ и интерес за отварање и развој на инкубаторски центри, бидејки добива нови даночни обврзници, што значи зголемен прилив во буџетот, а добива и социјални мир бидејки се овозможува отварање на нови работни места. Некои автори поставуваа прашање дали е потребно да се ангажира држава со своите инструменти на моќ околу започнување и развојот на малите и средни претпријатија. Но, со појавата на најнова економска светска криза и со отворената помош на своите претприемачи која ја промовираат светски лидери, таа дилема веќе јавно се надминува и не се остава веќе бизнисите стихијски да се развиваат во сурови реални услови во работењето туку несебично се помага на напорите на претприемачите околу развојот на секоја позитивна бизнис идеја. Така да државата која е значаен и моќен фактор треба да помага во развојот на претпријатието се додека не стане отпорно како на надворешни така и на внатрешни закани (види SWOT-анализа). Со развојот на инкубаторски центри државата влијае на развојот на претприемништвото како и на развојот на самите претприемачи, кои преко работењето стекнуват искуства како и финансии со кои понатаму можат да влезат во следни позначајните проекти. Средствата за отварање инкубаторски центри може да се побараат и од земјите донатори, кои би помогнале за развој преку доделување на поволни финансиски кредитни линии, преку донирање на одредени технички средства ( компјутери, некои машини за производство…), преку организирање на предавања семинари, гостувања на експерти преку кои претприемачите ќе се здобијат со нови знаења, искуства како и со практична примена на тие нови знаења и искуства. Земјите донатори добиваат зголемена значајност во очите на локалното население и ја зголемуваат репутацијата на својата земја. Донаторите најчесто се поразвиените земји. Па доколку не го поддржат развојот на помалку развиените земји можат да го затворат идниот пазар на својата земја бидејки неразвиените земји нема да имаат ниту средства ниту знаење масовно да ги користат идните технолошки производи. Така да од една страна се работи за добро дело, а од другата страна се работи за взаемен интерес. Меѓутоа оној што треба да се моли не треба да се лути, така да во контактот со странски донатори треба да се потенцира нивното добро дело, а не взаемниот интерес.

Инкубаторски центри најчесто се отвараат таму каде некоја одредена деловна гранка доживеала пропаѓање па се јавува голема сиромаштија и невработеност. Бидејки кај нас економска состојба не е розева има потреба за отварање на инкубаторски центри низ целата држава.

Локација на инкубаторски центри можат да бидат напуштени хали, воени објекти или други расположливи капацитети. Поради напуштање на ЈНА на големиот број на касарните низ целата држава останаа големи просторни капацитети неискористени каде би можело да се отворат инкубаторски центри. Плаќањето на киријата и комуналиите треба да биде симболично колку да се платат одредени трошоци и одржување на животна средина за да не се предизвика загадување односно да се избегнат еколошки проблеми.

Претпријатијата би требало да можат да останаат во инкубаторот до неколку години се додека не зајакнат, а потоа треба да настапуваат на пазарот под пазарни услови и треба да се повлечат од инкубаторите за да им отстапат место на други претприемачи кои сакат да се развиваат. Доколку има неискористени просторни услови претпријатието може и понатаму да остане во инкубаторски центар, но бидејки сега работи во реални услови и надоместокот ќе треба да го плаќаат во реален износ.

Покрај обезбедување на просторни капацитети државата мора да обезбеди и финансиски средстав, кои би биле доделувани по поволни услови. За таа цел државата може да формира агенција за развој, која би обезбедувала финансиски средста, а би давала и гаранција кај банките дека финансиските средства ќе и бидат надокнадени доколку претприемач не успее во својот потфат. Со цел да не се злоупотребат овие поволности внимателно треба да се набљудува работењето на претприемачот, а финансиски средства да се доделуваат во неколико етапи според нивото на спроведување на активностите од бизнис планот. Функција на таа агенција би била и образование, обезбедување на потребните информации, обезбедување на меѓународната соработка, поттикнување на научно истражувачката работа, овозможување на трансфер на технологијата, давање на подршката за иноваторите, настапи на саеми и други манифестации и подршка на извозот.

Инкубаторите можаат да организираат и да управуват со нив и универзитетите. Бидејки таму е сконцентрисано големо знање па претприемачите можат да добијат квалитетна техничка и стручна помош за реализирање на својата бизнис идеја со минимална финансиска помош. За реализирање на оваков инкубаторски центар потребни се минимални услови, најмногу добра воља на членовите на универзитетскиот состав, секако со помош на државата и на странските донатори кои би обезбедиле просторни капацитети, поволни финансиски средства, како и технички средства. Членовите на универзитетот би имале пред се морална сатисфакција бидејки заработка би била во втор план, понатаму би го преточувале своето огромна теоретско знаење во остварување на практични проекти и полесно би се докажале во реален пазарен натпревар. Добиените резултати од работењето би можеле да го презентират на научните собири, а би можеле и да ги презентираат во своите стручни трудови. Кај нас најдобар пример за вакво однесување е Машински факултет-Скопје, каде под раководство на професорот Д-р Радмил Поленаковиќ се развива претприемништвото, а со тоа и целокупна економија.

Инкубаторски центри можат да отворат и големи компании, кои имаат интерес за развој на малите и средни претпријатија. Тие најчесто ги форсират инкубаторите за своите поранешни вработени, помагајки им на поранешните колеги кои поради одредени контракции во работењето останаа без работа да продолжат со самостојно работење. Меѓутоа најчесто не прават проблем ни на луѓе од надвор кои сакат да се вклучат во работење на ваков инкубаторски центар. Тие можат да отстапат дел од своите просторни капацитети, каде би се одвивале деловни активности. Понатаму можат да понудат квалитетна стручна помош, можат да отстапат некоја од постарите производствени машини, а можат да понудат и финансиска подршка за развојот на производствени програми кои за нив не се доволно атрактивни ни профитабилни, а претприемачот од нив може да заработи одредена сума на пари.

Инкубаторски центри можат да отворат и големи франшизери. Значи за да се стане член на овој инкубатор потребно е да се купи соодветна франшиза. Со самото купување на франшизата (види текстовите за франшизата) продавачот на франшиза се обврзува да дава обука на купувачите на франшизата со што би се остварило униформно работење во секоја одделна франшизинг единица. Низ целиот свет може да се уочи униформно однесување во секој Mc Donalds центар, а има и многу други слични примери.

Постојат можности да се отворат и инкубатори како самостојни претпријатија. Тие претпријатија се специјализираат само за давање помош на претприемачите во почетен стадиум на работење, со одреден финансиски надоместок.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Најпрвин честитки за блогот!!! Не знам дали се работи за тим или за едно лице, но секако идејата за отворање на било каква форма на комуникација за претприемништвото е повеќе за симнување на капа отколку за поздравување! Секоја чест…

    Иако за блогот дознав пред ден-два, темата за Бизнис Инкубатори некако „ми легна“ бидејќи моментално сум Асистент Менаџер на баш еден таков Бизнис Инкубатор во Битола! Да, точно, во Битола – Македонија.

    Безмалку, начелно се согласувам со секоја констатација од наведениот текст и можам само да ја поврдам „теоријата“ за т.н. делење на заеднички ресурси преку една институција која има за цел да им помогне на почетните бизнис во нивниот почетен период на етаблирањето и работењето на пазарот. Бизнис Инкубаторите ја имаат токму таа цел – „произведување“ и помош на мали и почетни бизниси. Основната компонента на Инкубаторите е делењето на ресурси: канцелариски, финансиски, консултантски, човечки, просторни па дури и маркетиншки преку една организација или институција која ќе го овозможи тоа на ефикасен и ефективен начин.

    Како основачи на таа институција можат да се јави не само државата, или реномирани компании, туку и локални власти и институции, факултети или универзитети како и разни чинители на локалниот и регионален развој на едно општество (како што е впрочем случајот со Бизнис Инкубаторот – Битола).

    Можеби ова ќе звучи како своевиден маркетинг, но всушност Бизнис Инкубаторот е институција која работи во склоп на БСЦ или Центар за развој на бизниси. Овие две институции се тесно поврзани во една целина која има за цел да: организира обуки, семинари и работилници за сите оние кои сакаат да започнат со сопствен бизнис, потпомага во изработка на Бизнис План, финансиски ги потпомага почетните бизниси со сума до 10.000 Евра, рефундира трошоци за регистрација на нова компанија, дава консултантски ваучери за експертско советување, потпомага во изработката на веб-страна на новите бизниси, помага во воведување на стандарди и конечно но не и најмалку важно – им дава физнички простор (канцеларии, лоби бар, конференциска сала, сала за состаноци, кујна и сл) на новите компании под субвенционирани услови. На некој начин повеќето почетни услови што му требаат на секој почетен бизнис, може да бидат целосно или делумно субвенционирани од ваквите организации.

    Иако Бизнис Инкубаторот заедно со БСЦ постои мошне кратко време, скоро 2,5 години, ќе земам слобода да наведам некои позначајни резултати кои и те како ја потврдуваат успешноста на ваквиот тип на институции: 117 разработени идеи за нов бизнис преточени во целосни Бизнисн Планови, 37 целосно нови бизниси директно отворени, 92 потполно нови работни места, 12 привремени работни места, 8 формализирани бизниси (предходно во сива економија), преку 1100 извршени колсултантски часови, преку 1200 обучени лица за отпочнување со сопствен бизнис, 46 компании потпомогнати во воведување на стандарди (ISO, HACCP, CE, GlobalGap и сл.), 87.000 Евра директтна финансиска помош вече одобрени и во процес на одобрување….

    Во секој случај сметам дека иднината на ваквите институции допрва ќе се развива на овие простори, а посебно во Македонија. Секторот на мали и средни претпријатија во Македонија го сочинуваат повеќе од 95% од сите компании, во него се вработени околу 75% од вкупното вработено население во републиката, а учествува и со приближно 70% од БДП на земјата! Овие факти не се за занемарување доколку се зема в предвид фактот колку малку се превзема за развој на оваа круцијална гранка од економијата.

    Наместо заклучок, ги повикувам сите заинтересирани на отворена дискусија на која било од темите, бидејќи лично сметам дека има многу информации кои можат и треба да бидат споделени а се однесуваат на малите и почетни бизниси. Впрочем делењето на ваквите информации е тој заеднички ресурс кај на сите ни треба!

    За оние што можеби ќе им требаат повеќе информации околу Бизнис Инкубаторот – http://www.bscbitola.org

    Уште еднаш честитки, до следниот пат!

  2. admin says:

    Се извинувам за доцнењето на одобрување на овој коментар, но не го добив на mail за да го одобрам веднаш туку од spam софтверот беше селектиран како spam. Но, откога го прочитав сфатив дека не е spam и заслужува да биде како коментар бидејќи содржи добри информации за еден од најголемите ако не и најголем инкубатор во Република Македонија.

    Благодарам за подршката!

Speak Your Mind

*