post

Иновација и екосистеми

Иновацијата е цврсто поврзана со секоја претприемачка активност. Со иновација претприемачите успеваат да креираат нешто од ништо.

Постојано иновирање е процес кој го доближува бизнисот до успех, но сепак може да претставува и процес кој ќе го забрза уништувањето на бизнисот доколку соодветно не се менаџира и насочува преку призмата на купувачите.

Иновацијата треба да се инспирира. За иновација е потребен иновативен тим на луѓе кои освен што ќе иновираат ќе знаат и како да ја доближат до купувачите.

Проблемот е што денес не е лесно да се иновира. Имаме многу допирни точки со останати иновации, надвор од бизнисот. Ние сме само еден мал дел од еден многу покрупен екосистем во кој функционираат новите производи или услуги.

Како да знаете дека сте на вистинскиот пат при започнување на ваш процес на иновација?

1. Добра подготовка

Мора да се подготвите добро пред да започнете со иновација, особено да знаете што е тоа што го иновирате, зошто го иновирате и како ќе го иновирате.

Дали она што сакате да го креирате ќе биде нешто значајно за вашиот бизнис и колку?

2. Има ли некој друг што треба да иновира?

Бидејќи денес не можеме да зборуваме за изолирани иновации, туку за иновации на екосистеми, кои се составени од повеќе иновации и повеќе креатори на тие иновации без директна меѓусебна врска освен онаа преку призмата на купувачите, ќе мора да ги знаете и останатите чинители на тој екосистем во кој ќе биде составен дел и вашиот нов иновативен потфат.

3. Препознавање на целиот екосистем

Мора да имате многу поголем поглед од поглед на само она што го работите. Мора да ги знаете двете страни на екосистемот, и страната на сите учесници во креирање на истиот и страната на сите корисници на истиот.

Само на таков начин ќе можете да знаете која е улогата на сите страни и подобро да ја дефинирате вашата улога.

4. Мапирање на екосистемот

По препознавање на целиот екосистем, потребно е да дизајнирате скица на истиот во која ќе бидат дефинирани сите ентитети и улоги како и врските помеѓу нив. Запомнете дека успехот на екосистемот ќе биде успех на повеќе чинители.

5. Промени во екосистемот

Како последно нешто на што ќе треба да одговорите е дали се потребни промени во екосистемот. Освен тоа важно прашање е и дали тие промени се во самите чинители или пак во нивните улоги во екосистемот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*