post

ИНТЕРНЕТ БИЗНИСИ 8: WORDPRESS VS JOOMLA

Како што најавивме во овој наслов ќе се обидам да помогнам колку што можам според моето искуство кога треба да избирате помеѓу две платформи за менаџирање на содржина на вашата веб страна. Кога започнав со претприемач започнав со Joomla. Ова што сега го читате е на Joomla платформа. Потоа сакав да започнам блог и го изведов преку WordPress платформата за менаџирање на содржина на веб страните. Значи ова што го опишам во овој наслов не е рекла казала туку само едно мое искуство кое и ден денес трае во однос на овие две платформи.

Едно од најпоставуваните прашања е што да се избере Joomla или WorPress. Ако ме прашате сега по 9 месеци искуство со двете платформи би Ви кажал без да размислувам WordPress. Бидејќи најголемата грешка што ја направив во почеток на претприемач беше Joomla. Да се разбереме, немојте да ме сватите погрешно дека Joomla e безвредна. И таа си има свои предности. Но мојот совет за Joomla ќе го претставам преку следниве разлики:

  1. Joomla е пример на доста слабо менаџиран open source проект додека  WordPress има навистина импресивно и успешно менаџиран тим. Но понекогаш дури стануваат и досадни со постојано нови верзии на WordPress. Сепак, оправдано. Се работи за безбедност и функционалност.
  2. Со Joomla, најверојатно ќе треба да потрошиш уште два до три часа за да ги реорганизираш различните модули за да ги прилагодиш со темплејтот кој сакаш да го користиш.
  3. Една друга карактеристика на WordPress која сметам дека дава голема предност е KISS принципот (Keep It Short and Simple – Нека бидне кратко и едноставно). Joomla пак од друга страна се чини дека е развиена за да реши секакви проблеми особено инженерски кои не се доволно разбирани од обичниот човек кој едноставно сака обичен систем за менаџирање на содржина на интернетот. Кога првпат ја симнав Joomla се чудев едно 3-4 дена што да правам со неа. Откако успеав да ја инсталирам налетв на еден куп нелогични работи. Затоа и еден мој пријател пред некое време ја симнал Joomla и ја чува на сопствениот хард диск не знае што понатаму иако е инженер и работи со продажба и поправк на компјутери.
  4. Eдна предност на Joomla во однос на WordPress е можноста за подршка на eCommerce и повеќе нивоа на дозволи за работа. Иако имам видено и испробано неколку додатоци (едниот за eCommerce го купив) кои го решават токму овој проблем на WordPress.
  5. На едно место прочитав за споредба на лини во програмскиот код на двете платформи. Joomla има над 350.000 линии додека WordPress има околу 160.000 што бидејќи WordPress нуди 70% од карактеристиките на Joomla  претставува многу поефективен програмски код.
  6. Интерфејсот на WordPress е многу поедноставен и е лесен за снаоѓање. Секогаш кога сакам да направам некоја промена во Joomla ми треба многу повеќе време, додека преку WordPress се е многу поедноставно.
  7. Во последниве години WordPres стана навистина стандард за веб и навистина доста посакувана платформа од страна на Google. Јас ги користам и двете платформи на кои имам Google analytics код и навистина Google ми праќа повеќе посетители на WordPress.
  8. Во секој случај WordPress е многу подобра во однос на SEO (Оптимизација на пребарување).
  9. Уште една предност која би ја напоменал е поедноставна инсталација на WordPress во однос на Јоомла.
  10. Многу поедноставно е администрирањето на артиклите и блог написите на WordPress во однос на Јооmla.
  11. И на крај сите најголеми интернет маркетари во светот ја препорачуваат и работат на WordPress платформата.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. za wordpress prv pat slusam, jas napraviv web na joomla i iskreno se iznamaciv. top article !!!

    • admin says:

      Па и јас првпат започнав со Joomla на артиклите на претприемач (www.pretpriemac.com/articles) но по завршување на одредени обуки на кои ми препорачуваа WP и подлабоко навлегување во интернет маркетингот како и праксата од паралелно работење на двете платформи ја избрав WP како основна. Прво доколку сакав да сменам нешто бараѓе многу поголема мака со модулите во Joomla додека со Widgets во WP успевав за неколку минути да завршам работа. И отсега сите артикли и написи ќе ги објавувам на блогот кој работи на WP.

Trackbacks

  1. […] бизниси и интернет маркетинг, особено во написот за WordPress VS Joomla како победник го промовирав WordPress, би сакал […]

Speak Your Mind

*