post

iPad и неколку корисни апликации за блогирање

Апликации за блогирање за iPad

Апликации за блогирање за iPad

Да продолжиме со серијалот на постови за iPad и корисни апликации за еден претприемач. Во изминатите две недели опфативме апликации за продуктивност и канцелариски (office) апликации. Со овој пост ќе продолжиме уште со неколку корисни апликации кои се поврзани со блогирање. Повеќепати на претприемач ја истакнуваме корисноста од блогирање како еден дел од ваша маркетинг стратегија, па затоа и оваа група на апликации е издвоена во посебен пост.

  • WordPress е првата апликација со која ќе го започнам оваа кратка листа. Ова е официјалната WordPress апликација преку која можете да го ажурирате блогот и да администрирате коментари. Оваа апликација иако е солидна и се гледа дека развивачите вложуват напори да ја направат колку што може подобра, сепак сеуште е далеку во целост да ја замени функционаноста на WordPress преку веб. Понекогаш може да направи таква збрка во однос на форматирањето што сепак ќе бара да си го отворите компјутерот и да ги направите исправките. Во секој случај за кратки постови без преголеми потреби за форматирање или едноставно за пост-слика или пак пост-видео е одлична. Апликацијата е бесплатна.

WordPress за iPad

WordPress за iPad

  • BlogPress е втората апликација која понекогаш ја користам. Првично ја купив за iPhone (чини 2,99$), но истата верзија е компатибилна без дополнителна инвестиција и за iPad. Една од главните карактеристики на оваа апликација е што ги поддржува скоро сите сервиси за блогирање како WordPress, Blogger, Movable Type, LiveJournal, Drupal, Joomla, Tumblr, SquareSpace… Друга корисна карактеристика е што има можност за лесна интеграција со популарните социјални медиуми како Facebook, Twitter, YouTube, Flickr и Picasa. Често пати може да се сретне како апликација за видео блогирање особено поради фактот што оваа апликација има интегрирано можност за аплоад на видео на YouTube, потребно е само подесување на акаунтот и апликацијата самата ќе го аплоадира видеото и ќе го постави во вашиот пост. Во секој случај оваа апликација вреди за вложените пари.

BlogPress за iPad

BlogPress за iPad

  • Essаy е уште една апликација која ја ставив во оваа група и не е нешто што служи за објавување на платформи за блогирање, туку претставува апликација за пишување на постови кои подоцна ќе ги објавите на блогот. Оваа апликација претставува rich text editor која ги содржи само најпотребните функционалности како оној кој ја користи ќе се фокусирана најважната работа – креирање на содржина. Во секој случај корисна апликација преку која можете да креирате секојдневна содржина за вашиот блог. Сепак, уникатната и квалитетната содржина е основа на оваа долгорочна стратегија. Цената на апликацијата е 3,99$.

Essay за iPad

Essay за iPad

  • Split Pea е последната апликација која ќе ја споменам во оваа група на апликации за блогирање. И оваа апликација се однесува на креирање на содржина за вашиот блог. Она што е добро и за што ја користам е кога истражувам бидејќи апликацијата го дели екрнот на два дела: еден за пишување и вториот за отворање на разни веб сајтови преку кои ја истражувате и проучувате темата за која пишувате. Понекогаш од старите постови правите нови при што оваа апликација може да ја зголеми вашата продуктивност. Цената на апликацијата е 3,99$.

SplitPea за iPad

SplitPea за iPad

Продолжува со:

  • апликации за социјални медиуми,
  • апликации за книги,
  • апликации за манипулација со податоци и
  • апликации за читање.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*