post

Испорачајте исклучително доживување на купувачите преку надминување на 7 препреки

Нема потреба да зборувам за важноста на испорака на исклучително доживување на вашите купувачи. Но, да бидам искрен, тоа не е едноставна задача за претприемачите особено поради фактот што на вашиот пат за испорака на исклучително доживување ќе имате повеќе препреки. Тука ќе зборувам за седум поважни препреки кои ќе треба да ги надминете.

Од лично искуство знам дека една испорака на исклучително доживување ќе донесе три до пет пати повеќе купувачи за бизнисот. Секогаш кога ќе го насочам сиот мој напор за да испорачам повеќе од ветеното и повеќе од очекувањата на купувачите во следните месеци се зголемува базата на купувачите но и приходот.

Затоа и сметам дека секој претприемач ќе треба да вложи максимални напори за да испорача исклучително доживување за своите купувачи.

Еве некои од бенефити кои ќе ги добиете.

  1. Исклучително доживување ќе креира повеќе задоволни купувачи за вашиот бизнис. Една од вашите примарни работи како претприемач е да креирате задоволни купувачи. Тоа е единствениот императив кој ќе обезбеди долгорочен успех на вашиот мал бизнис. Исклучително доживување на купувачите со вашиот бизнис ќе креира дополнителни купувачи за вашиот бизнис, тоа е факт.
  2. Исклучително доживување ќе креира силна поддржувачка заедница околу вашиот бизнис. Задоволни купувачи ќе креираат силна заедница која секогаш ќе го поддржува вашиот бизнис. Оваа е нивото кое многумина сопственици на мали бизниси сакаат да го постигнат.
  3. Исклучително доживување ќе се шири како вирус и ќе креира повеќе купувачи за вашиот бизнис. Се онаа што е исклучително има потенцијал да се шири помеѓу голема база на луѓе бидејќи секој сака да го сподели своето исклучително искуство со своето семејство, пријатели, колеги и виртуелните пријателчиња на социјалните мрежи. Приказнаат ќе се шири како што се шири вирусот.
  4. Исклучително доживување ќе има огромно влијание на растот на вашиот бизнис. Имање на задоволни купувачи и силна заедница околу вашиот бизнис која го споделува сопственото искуство со секој ќе биде основа за експоненцијалниот раст на вашиот бизнис.

Но, како и се останато, процесот на испорака на исклучително доживување не е едноставен процес особено што ќе мора да надминете повеќе препреки.

Да разгледаме седум важни препреки на кои можете да наидете кога сакате да испорачате исклучително доживување за вашите купувачи.

  1. Страв. Една од најголемите препреки може да биде вашиот страв да започнете со испорака на онаа што сакате да го испорачате. Грешките се возможни, но стравот дека можете да направите грешка не е дозволив. Мора да започнете да ги вршите работите без страв и доколку направите грешка секогаш можете да се извините, да научите нешто ново и да ги подобрите вашите следни испораки.
  2. Време. Секогаш ќе имате 24 часа во едно деноноќие и никогаш нема да можете да влијаете на овој факт. Повеќе пати, претприемачите го користат времето како причина дека не можат да го испорачаат онаа што сакаат да го испорачаат иако тоа не е точно. Вистинската причина е стравот да се испорача таквото доживување. Но, и да кажеме дека времето е главната пречка, сепак не можете да го избегнете фактот дека секогаш можете да се организирате подобро и да успеете да го испорачате онаа што сакате да го испорачате. Број еден приоритет за вас како претприемач е да обезбедите вашиот мал бизнис секогаш да испорачува исклучително доживување за купувачите.
  3. Искуство. Не можете да станете искусен претприемач без да започнете да ги завршувате работите за вашиот бизнис и да испорачувате се подобро соживување за купувачите. Искуството е резултат на преземање на акции. Мора да работите на континуирано подобрување на онаа што го испорачувате на купувачите и искуството ќе си дојде.
  4. Истрајност. Имам видено многу претприемачи кои започнуваат да градат навистина исклучително доживување за купувачите, но сепак не истрајуваат во дочекување на времето кога ќе ги почувствуваат вистинските бенефити за нивниот бизнис. Тие едноставно запираат со онаа што го испорачуваат. Мора да бидете истрајни бидејќи вистинскиот успех ќе бара време за да се почувствуваат бенефитите. Не запирајте, едноставно подобрувајте ги работите околу вас.
  5. Знаење. Многу претприемачи мислат дека немаат соодветно знаење за испорака на исклучително доживување за нивните купувачи. Денес не е дозволиво да кажете дека немате знаење за нешто. Знаењето е насекаде околу вас, а вие само ќе треба да го организирате и да му дадете структура која ќе ви помогне да го вежбате и користите онаа што сте го научиле.
  6. Перфекција. Доколку сакате се да биде перфектно уште пред да го испорачате за вашите купувачи, никогаш нема да испорачате ништо. Перфекционизмот може да биде една од најголемите пречки во испораката на исклучително доживување. Мора да бидете доволно добри за да започнете со испорака, но кога веќе ќе започнете лесно можете да подобрувате и да се доближите колку што можете повеќе до перфектноста.
  7. Посветеност. И како последно сакам да ја споменам вашата лична и на вашата компанија посветеност во однос на работата за испорака на исклучително доживување за вашите купувачи. Вашата посветеност во однос на овие задачи ќе ви овозможи секогаш примарниот фокус да биде купувачот, односно некој од кого ќе учите и ќе црпите енергија да продолжите да го испорачувате најдоброто за нив.

Можете да забележите дека испораката на исклучително доживување е важна работа и приоритет број еден за вашиот бизнис. Сепак, ќе треба да ги надминете овие пречки.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*