post

Истражување за навики и употреба на интернет пребарувачи

Повеќе пати на претприемач имам наведено дека во денешни услови еден бизнис не треба да се наоѓа во една онлајн изолација, затоа што се повеќе и повеќе луѓе секојдневно поминуваат се повеќе и повеќе време пред својот компјутер сурфајќи на интернет.

Истражување - Навики и употреба на интернет пребарувачи

Секој претприемач доколку го избере интернетот да биде дел од неговата маркетинг стратегија (а мора) ќе треба да знае повеќе фактори кои ќе го дефинираат однесувањето на потенцијалните потрошувачи кои се наоѓаат од другата страна на жицата пред мониторот.

Пред неколку денови налетав на едно истражување кое се спроведува од страна на New Media Center сеуште е во тек. Оваа истражување се однесува на анализа на навики и употреба на интернет пребарувачи во Македонија. Прашалникот го пополнив и испратив. Но, сметам дека едни вакви иницијативи за истражувања треба да се помогнат на повеќе начини, особено преку споделување на колку што може поголем број на луѓе како репрезентативниот примерок би бил поголем и секако резултатите повалидни. Не е доволно само пополнување на одговорите, туку и препраќање на сите пријатели и познаници во личната mail-инг листа.

Како што е наведено во написот на Комуникации:

Целта на ова истражување е откривање на основните навики и употреба на интернет пребарувачите од страна на македонските интернет корисници.

До анкетата можете да пристапите преку следниов линк: http://newmedia.org.mk/anketa/

Така да како еден претпримач кој ги следи трендовите дајте свој придонес преку одговарање и секако споделување за да информациите што ќе ги добиете по завршување на истражувањето ќе можете да ги искористите за подобрување на сопствениот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Dizajner says

    Дечки супер ви е сајтот, го следам најчесто што можам, но имам една забелешка. Вашето лого како и логото на New Media Center треба да го корегирате. Вашето лого е цело крзаво и некако не одговара на дизајнот на веб страната. Логото на NewMedia Center е далеку од она што сте го искористиле тука, односно изгледа како да е презатемнето што одвај се чита што пишува на него (слободно искористете го нивното оригинално лого http://newmedia.org.mk/wp-content/themes/pop-blue….

    Поздрав и продолжете со одличната работа.

    • Д-р Драган Шутевски says

      Фала на забелешките Дизајнер. За нашето лого веќе најмивме професионалци за промена. А логото на New Media Center се мислев да одам со оригиналното но ми изгледаше мало па затоа едноставно се поиграв со Photoshop иако не сум дизајнер. Но, сепак ќе ја прифатам Вашата препорака веднаш.

Speak Your Mind

*