post

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА НЕГАТИВЦИТЕ

Секогаш постоеле и секогаш ќе постојат негативни луѓе околу Вас. Доколку се наоѓате во фаза на започнување на бизнис преку разработка на бизнис идејата ова се најопасните луѓе за Вашиот нов бизнис. Во секој случај тие луѓе можат да и наштетат на Вашата бизнис идеја. Затоа мора да ги избегнувате особено во оваа фаза од животен циклус на Вашиот бизнис.

Овие луѓе ви пренесуваат депресија и нивните негативни емоции штетат на Вашата креативност. Стилот на речениците кои што ги употребуваат „негативците“ во однос на Вашите планови е:

  • Не се глупирај, тоа не може да успее…
  • Тоа нешто е веќе видено …
  • Бадијала ќе изгубиш пари…
  • Твојата идеја е глупава …
  • Знам еден што проба слична работа и пропадна …
  • и сл.

Овие „негативци“ може да ве замараат и со сопствени проблеми кои дејствуваат депресивно на Вас и со тоа Ви ја убиваат креативносPretpriemacBiznisModelStartта во разработката на Вашата бизнис идеја. Секој бизнис е плод на добра бизнис идеја што пак е плод на Вашата креативност. Доколку постојано сте со луѓе кои Ви ја уништуваат креативноста и Вашата бизнис идеја ќе биде лоша и со тоа и бизнисот нема да биде она што треба да биде – успешен.

Проблем е што голем дел од „негативците“ може да биде од Вашата непосредна околина со кои секојдневно се среќавате или пак мора да се среќавате. Тоа може да бидат членови на Вашето семејство или пак блиски пријатели. Ова не мора да значи дека тие ви мислат нешто лошо, но не сакајќи може да ви направат штета за која ни вие и ни тие нема да бидете свесни.

Затоа, барем во оваа фаза од животниот циклус на Вашиот бизнис пронајдете го сопственото катче каде што сте најкреативни и најпродуктивни и се до првите конкретни акции избегнувајте да коменирате за она што го работите или пак што планирате да направите. Изберетe луѓе кои не ви се познати како „негативци“ и коментирајте со нив. Изберете луѓе кои ве опуштаат и ја зголемуваат Вашата креативност за да на некој начин ви помогнат во подобрување на Вашата иницијална бизнис идеја.

Ова колку и да звучи како нешто неверојатно сепак е реално. Затоа, фазата започнување од животниот циклус на бизнисите е една од најтешките. Претприемачот е сам и мора да слуша, да се советува, да коментира и да разговара за својата идеја, а можеби нема да може со оние најблиските. Но, тоа е тоа, мора да се помине и таа фаза, а потоа „негативците“ ќе станат „позитивци“ и ќе ве охрабруваат за вашите чекори, но откако ќе видат дека бизнисот функционира.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*