post

Избор на меѓународна стратегија

Изборот на меѓународната стратегија е мошне важен, доколку компанијата се определи за работење на меѓународниот пазар.

Кога ќе се премине од домашно на меѓународно работење, се менува комплексноста во работењето. Врвниот менаџмент мора да изврши ревизија на мисијата и целите. Тие уште мора да ги оценуваат стратегиите од аспект на можностите и ограничувањата кои ги наметнува новото опкружување, како и нивните јаки и слаби страни.

Менаџерите треба да бидат информирани за глобалните фактори кои делуваат во светот. Изборот на меѓународната стратегија се базира на атрактивноста на земјата и конкурентските предности на производот.

Атрактивноста на земјата ја одразува големината на пазарот, стапката на растот на пазарот, владините регулативи, како и економските и политички фактори.

Конкурентските предности на производите го одразуваат:

  • учеството на пазарот,
  • степенот на задоволување на потребите од производот,
  • репрезентативноста на пазарот,
  • поддршката на пазарот од страна на кадрите во земјата и
  • профитот по единица производ.

Кога станува збор за висока атрактивност на земјата и високи конкурентски предности на производите се избираат стратегии на инвестирање или развој. Овие стратегии укажуваат на обврската на компанијата да оствари силна позиција на пазарот и доминантното учество на пазарот, којшто брзо се зголемува и бара значајни финансиски инвестиции. Подеднакво важни се инвестициите во кадри, кои треба да ја поддржат силната конкурентска позиција. Истражувањата и развојот се многу важни за прилагодување на производот со специфичните пазарни барања во Европските земји.

Кога станува збор за ниска атрактивност на земјата и ниска конкурентска предност компаниите применуваат стратегија на стекнување, повлекување, лиценца или комбинирање. Тие всушност применуваат стратегии за остварување на профит или продажба на бизнисот. Создадената готовина ќе биде употребена за одржување на пазарното учество. Во таков случај, готовината претставува критичен фактор. Компанијата има мало учество на пазарот и слаба конкурентска позиција и заради тоа стратегискиот план треба да се фокусира на остварување на краткорочен профит, се додека бизнисот не биде продаден или напуштен.

Кога компаниите се конкурентно слаби на пазарот иако земјата е атрактивна се применуваат стратегии на доминирање, повлекување, joint ventures.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*