post

Изградете повеќе дисциплина во се што ќе започнете

Градење на дисциплина во вашата претприемачка работа е важна работа за вас како претприемач. За жал, забележителни се многу претприемачи кои навистина се трудат да изградат дисциплина во онаа што го работат, но сепак залудно.

Доколку сакате да завршите се што ќе започнете, ќе мора да бидете подисциплинирана личност особено кога работите на различни задачи кои треба да ве доведат до посакуваните остварувања за вас и вашиот мал бизнис.

Како да станете подисциплиниран претприемач, или личност која ќе интегрира подисциплинирано однесување во себе?

  1. Каде се гледате себеси во иднината? Првото прашање е за вашата визија. Мора да знаете како сакате да изгледа вашата иднина пред да започнете да работите на неа. Знам дека повеќе пати едноставно сакате да започнете со завршување на работите бидејќи завршувањето е навистина важно за вас, но без визија и цели кои ќе ве донесат до таа иднина ќе бидете како лице загубено во шума без компас.
  2. Што сакате да постигнете? Второто прашање се однесува на вашите цели. Вашата визија мора да се трансферира во специфични цели. Што навистина скаате да постигнте? Имам видено повеќе претприемачи кои навистина вложуваат големи напори за да ја изградат нивната дисциплина кога работат, но немаат специфични цели. На таков начин, секој следен ден тие продолжуваат да градат нова дисциплина во нивната работа. И така продолжуваат се додека конечно не го сватат сопствениот неуспех.
  3. Зошто сакате да го постигнете она што сакате да го постигнете? Важно прашање е кога веќе знаете што сакате да постигнете да знаете зошто сакате да го постигнете тоа. Доколку го знаете одговорот на зошто со сите бенефити кои ќе ги почувствувате по постигнување на онаа што сакате да го постигнете, вашата посветеност која ќе ве турка за понапорна работа заради постигнување на нешто ќе биде на многу повисоко ниво. Оваа посветеност ќе ви помогне да изградите доволна дисциплина во вашата работа.
  4. Што може да ве запоре во постигнувањето на онаа што сакате да го постигнете? Сепак, ќе имате премногу препреки на вашиот пат за постигнување на нешто што сакате да го постигнете. Кога ја градите вашата дисциплина, ќе мора да знаете што може да ве запре во имплементација на работите кои мора да ги спроведете за да го постигнете онаа што сакате да го постигнете.
  5. Што треба да направите за да го постигнете онаа што треба да го постигнете? Најбрзиот начин за да станете посдициплинирана личност во изведување на секојдневните работни активности кои ви овозможуваат да го постигнете онаа што сакате да го постигнете е да расчлените се во најситни чекори кои ќе треба да бидат преземени за да успеете во вашите намери.
  6. Како да се обврзете себеси за завршување на работите во постигнување на онаа што сакате да го постигнете? Дисциплината бара обврзување, посветеност во имплементација на разни активности. Размислете за можните начини кои ќе ви овозможат да станете попосветен за работите кои бараат дисциплина кога ги спроведувате.
  7. Како можете да станете пофокусиран кога работите на работите кои мора да ги сработите за да го постигнете онаа што сакате да го постигнете? Сега, најважната работа за вас е да станете пофокусиран на вашата работа. Губењето на фокусот во повеќето случаи ќе значи и губење на интерес во завршување на работите кои ќе ви помогнат во постигнување на целите. Кога мислите дека го губите фокусот, започнете со читање на вашите поставени цели, размислете повторно за причините зошто сакате да ги постигнете, размислете повторно за онаа што ве запира во нивното постигнување и што треба да направите за да продолжите. На ваков начин ќе се посветите на важноста на спроведување на вистинските работи за вас и вашиот мал бизнис.

Важен дел во градење на вашата дисциплина е да знаете зошто треба да работите на разни задачи и да бидете пофокусиран кога ги работите тие задачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*