Никој не може да каже дека е 100% без грешки. Претприемачите како и сите други живи организми нормално е и да грешат.
Но, она што е важно е да се биде свесен за грешката како би можела да се поправи и извлече одреден заклучок во форма на знаење.
Значи првиот чекор во зголемување на потенцијалната енергија на претприемачот и бизнисот воопшто претставува дознавање дека е направена грешка.
Како да дознаеме кога сме направиле грешка?
Понекогаш мислиме дека тоа е најисправното. Понекогаш не сме ни свесни дека грешиме. Понекогаш дури и свесно не сакаме да ги погазиме сопствените чекори кои се погрешни.
Подолу се некои можности кои може да ви помогнат за да дознаете што е она што го правите погрешно.
1. Побарајте од сите вработени да напишат три идеи за тоа што сметаат дека е погрешно
Вашиот бизнис не сте вие и затоа тој не е некој затворен круг во кој владеете само вие. Добро е да дознаете што мислат вашите вработени. Тие се вашиот тим на кој вие како еден претприемач можете да се потпрете.
Затоа побарајте од сте нив да напишат барем три работи за кои сметаат дека или вие ги правите погрешно или пак бизнисот се движи во погрешна насока.
2. Прашајте ги купувачите
Следните од кои можете да побарате мислење претставуваат купувачите. Доколку тие сметаат дека грешите, а вие не ги поправите грешките, можеби и ќе немате втора можност да ги прашате.
Прашајте ги купувачите за она што вие го правите погрешно. Најдобро е преку состанок очи во очи, но можете и да комбинирате такви состаноци со интервјуа и прашалници.
3. Имплементирајте систем за следење на задоволство на купувачи
Бидејќи како што веќе напоменав, купувачите нема постојано да бидат тука и да ви кажуваат каде грешите, ќе морате да имплементирате систем за следење и мерење на нивното задоволство.
4. Споредете се со конкуренцијата
Не е лошо од време на време да се споредите со конкуренцијата. Што е она што тие го прават? Дали е исправно или погрешно? Дали вие го правите истото?
Одговорот на овие прашања може да ви покаже што е она што е погрешно сега или би било во иднина.
5. Споредете се со некоја успешна компанија надвор од вашата индустрија
Многу принципи и правила во бизнис светот се универзални без разлика на пазарот или индустријата во која опстојува бизнисот.
Затоа изберете некои успешни компании без разлика на индустријата или пазарот во кој опстојуваат и споредувајте се со нив.
6. Прашајте ги снабдувачите
И снабдувачите се ентитети кои може да имаат влијание и да ви помогнат да ги увидите грешките, особено доколку во некои случаи тие снабдуваат и некои од вашите конкуренти.
Доколку успеете да извлечете информации, тие ќе бидат навистина нешто корисно.
7. Постојано анализирајте ги бројките
Во бројките се кријат разновидни чуда. Анализирајте ги постојано бројките и ќе откриете многу работи кои се движат во порешна насока, или барем би можеле да бидат подобри.
8. Излезете и надвор од рамките на вашата компанија кога анализирате податоци
Иако постои мислење дека најголемите и највредните податоци се во внатрешноста на вашиот бизнис, сепак тоа е погрешно. Внатре во бизнисот податоците се само посредени. Но, највредните информации се надвор од вашиот бизнис.
Затоа излезете и надвор од рамките на вашата компанија.
Speak Your Mind