Како и секој бизнис така и вашиот ќе се темели на успешноста на продажниот тим и генерираната продажба. Колку и да се одбегнува оваа прашање, сепак тоа е суштинско нешто за секој бизнис.
Колку е поуспешен продажниот тим, толку поголема продажба ќе генерира вашиот бизнис. Колку поголема продажба ќе се генерира толку поголем приход и поголема профитабилност за бизнисот ќе се обезбеди.
Како да изградите продажен тим кој може да се окарактеризира како “успешен”?
1. Внимателно изберете го вашиот продажен тим.
Потребно е да обрнете особено внимание кога го избирате продажниот тим. Многу понатамошни активности на бизнисот ќе зависат токму од тие луѓе кои ќе бидат во директен контакт со купувачите.
2. Научи ги се што знаеш
Како претприемачи вие веќе имате искуство во продажбата. Веројатно веќе ги имате направено првите зделки и знаете што е она што поминува, а што не поминува. Споделете го вашето знаење со продажниот тим како би можеле вашите лични искуства веднаш да се акумулираат во нивниот сопствен приод.
3. Одржувај редовни состаноци заради меѓусебно споделување на искуство
Секоја продажба е различна и претставува посебно искуство. Добро е да одржувате редовни состаноци со вашиот продажен тим на кој посебно секој ќе го сподели сопственото искуство од изминатиот период со останатите членови на тимот.
Целта на овие состаноци е да се зголемува знаењето на членовите на тимот кое ќе придонесе до зголемување на успехот на поединечните обиди за продажба.
4. Доколку некого не го бива, не притискај
Иако вниметелно сте го избрале вашиот тим, може да забележите дека некој не може да ги оствари предвидените квоти на продажба. Не се обидувајте со притискање да ги поправите работите, така само ќе ги влошите.
5. Имплементирај систем за поттикнување на продажба
Системи за поттикнување на продажба преку мотивација на продажниот тим секогаш се добредојдени. Наградувај ги најуспешните членови на тимот, имплементирај бонуси за натфрлување на квотите, промовирај ги најуспешните… Целта е да поттикнеше креативност и натпреварувачки дух кај секој член на тимот заради поголеми постигнувања кај истите.
6. Не имплементирај цврсти правила, во продажбата никогаш не се знае…
Иако правилата понекогаш се потребни, сепак продажбата не е нешто што може целосно да се базира на правила. Затоа не дозволувај да постојат цврсти правила со кои ќе се регулира 100% работата на продажниот тим. Сепак, продажбата е нешто што бара креативност, а правилата ја гушат креативноста.
Speak Your Mind