post

Како да подготвите одлична презентација?

Како еден претприемач ќе имате потреба да користите презентации за да ја испорачате пораката која сакате да ја испорачате за различна аудиенција. Користите ли презентации како моќно орудие во вашиот бизнис?

Како претприемач имате потреба да испорачате различни пораки, да градите различни односи, да изградите сопствен авторитет и доверба, да комуницирате со различни луѓе. Сакете да успеете со се што ќе се обидете да го испорачате.

Добри презентациски вештини се важни за вас како еден претприемач. Сакам да споделам некои од мои заклучоци од претходно искуство при испорака на презентации за различни типови на аудиенција.

Едноставно, го поделив целиот процес на испорака на одлични презентации во три делови: подготовка на презентација, ваша лична подготовка и менаџирање на процесот на презентација.

Да започнеме со еден по еден дел од процесот.

1. Започнете со подготовка на вашата презентација

  • Која е целта на вашата презентација? различни презентации ќе имаат различна цел и согласно таа цел ќе бидат дизајнирани и презентирани различно. Затоа, не започнувајте со креирање на презентација се додека не одлучите за целта на истата.
  • Кој ќе биде присутен на вашата презентација? Кога ја знаете целта, ќе треба прецизно да ја дефинирате аудиенцијата. Пред да продолжите понатаму, пронајдете колку што можете повеќе информации за секоја личност која ќе биде присутна на настанот.
  • Пронајдете материјали кои ќе ви бидат потребни за подготовка на презентацијата. Сега, можете да започнете со прибирање на материјали кои ќе ви бидат потребни за презентацијата. Во процесот на собирањ и подготовка на материјалите секогаш имајте ја на ум аудиенцијата. Дали имаат потреба од тоа? Како информацијата ќе биде корисна за нив? Можат ли се да абсорбираат од она што планирате да им го презентирате? Овие прашања ќе ви помогнат да ги оставите само оние материјали кои навистина ќе им бидат потребни на аудиенцијата.
  • Изберете клучни точки. Секоја презентација ќе има неколку клучни точки или информации или теми кои сакате вашата аудиенција да ги абсорбира. Не обидувајте се да поставите еден куп на клучни точки, бидејќи во таков случај аудиенцијата ќе го загуби фокусот од онаа што навистина е важно да го примат од презентацијата.
  • Започнете со дизајнирае на презентацијата. Сега, кога ја знаете целта, аудиенцијата, ги имате материјалите и три до четири главни точки ќе можете да започнете со дизајн на вашата презентација. Повторно, размислете за вашата аудиенција и нивните потреби кои вие ќе треба да ги задоволите преку презентацијата.

2. Подгответе се себеси

  • Размислувајте позитивно. Пред било што друго треба да имате позитивно размислување за вас и вашата презентација. Да, ќе ја испорачате најдобрата порака. Да, вашата презентација е навистина интересна презентација. Вие имате доволно знаење за да ја испорачате пораката. Позитивно размислување ќе изгради самодоверба кај вас, а останатото ќе биде многу полесно.
  • Какво ќе биде вашето држање. Ќе мора да размислите и да се подготвите себеси во однос на вашето однесување кога презентирате. вашата презентација е само алатка за да ја донесете пораката до вашата аудиенција.  Но, вие сте централна фигура во вашата презентација. Како ќе зборувате? како ќе го контролирате вашиот глас? Каква импресија ќе оставите? Овие прашања се важни за вас доколку сакате да успеете со вашата презентација.

3. Менаџирање на процесот на презентација

  • Започнете со испорака на вашата презентација. Сега е време да започнете со презентирање на вашата презентација. Ќе мора да се претставите и да ја воведете вашата аудинеција во тоа што може да очекува од вашата презентација. Објаснете ги трите клучни точки кои веќе ги дефиниравте и објаснете им зошто тие се важни за нив и кои ќе бидат бенефитите за нив од знаење на тие нешта. едноставно се обидувате да го насочите нивното внимание за тоа што ќе следува.
  • Поттикнете дискусија. Најдоброто нешто во секој процес на презентирање е што лесно може да се трансформира во двонасочна комуникација. Прашања и различно размислување на вашата аудиенција не само што ќе го подобри целиот процес, туку исто така ќе изгради долгорочни односи меѓу вас и вашата аудиенција.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*