Мотивацијата е клучен фактор во успехот на секој претприемач. Но, проблемот е што претприемачот нема шеф кој ќе го мотивира преку финансиски бенефити, слободни денови, одлична работна атмосфера…. Сето тоа треба да го обезбеди самиот претприемач.
Од вашата мотивација ќе зависи се што работите, но од тоа ќе зависи и целиот ваш бизнис. Доколку сте повеќе мотивирани и бизнисот ќе биде во подобра кондиција.
Па, тогаш како да се самомотивирате?
- Гледајте низ призмата на она што ќе го добиете. Најголемата мотивација доаѓа од бенефитите што ќе ги добиете кога ќе завршите нешто. Не гледајте на работите дека нешто мора да се направи, гледајте низ призмата дека ќе стекнете нешто повеќе, ќе си го подобрите животот, ќе гоподобрите животот на другите…
- Оддржувај позитивна работна атмосфера. Позитивната работна атмосфера претставува навистина еден важен мотивирачки фактор не само за вас, туку и за сите вработени во бизнисот. Негативностите на работното место треба да се откријат и елиминираат, доколку сакаме да имаме позитивна и мотивирачка работна атмосфера.
- Заборавете на перфекционизмот. Перфекционизмот не помага во завршување на работите, но може да ви ја уништи мотивацијата, доколку завршеното не е перфектно и постојано се навраќате за да го усовршите. Заборавете на перфекционизмот, ништо не може да биде перфектно, но се може да се подобри. Започнете ги работите, прецртувајте ги од листата и следете што се случува.
- Избегнувајте ги негативните луѓе, а ќе ги има. Негативните луѓе имаат потенцијал во целост да ја убијат вашата мотивација. Нема ни да бидете свесни што ви се случило. Затоа не дозволувајте да навлезете во таа “замка”.
- Бидете флексибилни, се ќе биде како што треба. Флексибилноста е потребна доколку сакате да ги завршувате работите, особено поради фактот што ништо не може да се заврши онака како што е планирано. На крајот, кога ќе завршите нешто барем ќе научите за вашиот процес и можните подобрувања на истиот.
- И да погрешите не се разочарувајте, научете ја лекцијата. Грешките нека не ви бидат демотивација. Иако може да бидат болни, сепак тие претставуваат богатство за вас, особено поради фактот што од нив најдобро се учи.




Speak Your Mind