post

Како до повеќе купувачи?

Како до потенцијални потрошувачи?

Како до потенцијални потрошувачи?

Како до потенцијални купувачи?

Навистина интересно и постојано актуелно прашање за секој претприемач. Нема кој не сака да го знае одговорот.

Но и да го знаеме одговорот, истиот е променлива категорија. Денешниот одговор не мора да биде ист како утрешниот.

Претприемачот при водење на бизнис постојано претставува еден вид на пронаоѓач на нови потрошувачи за негов бизнис.

Еден рибар знае како до улови риба. Знае кои алатки му се потребни, какви временски услови и на што најмногу рибата гризе. Но, тоа е во риболовот. Во бизнисот не е толку едноставно.

Што сакате да „уловите“?

Во бизнисот прво треба да знаете што сакате да уловите. Ова значи треба да знаете кои се Вашите идеални потрошувачи. Заради тоа потребно е да ги опишете во минимум следниве термини:

  • возраст
  • пол
  • вработеност
  • приходи
  • место на живеење
  • образование
  • брачен статус.

Каде се наоѓаат тие?

Откако ќе имате јасна претстава за тоа кои се Вашите потрошувачи, следно што ќе мора да откриете е каде тие се наоѓаат. Следниве прашања ќе ви помогнат во откривање на нивната локација:

  • Каде се движат?
  • Каде јадат?
  • Каде пијат кафе?
  • Која телевизија гледаат или кое радио слушаат?
  • Каде работат?
  • Каков спорт следат?

Што им го привлекува вниманието?

Знаете кои се вашите потенцијални купувачи и знаете каде се наоѓаат. Ајде малку пробајте и вие да бидете таму и едноставно слушајте и вклучете се во конверзацијата. Слушајте и разговарајте, а притоа забележувајте што е она што им го привлекува вниманието.

Можете да го имате најдобриот бизнис. Можете да ги имате најдобрите производи и/или услуги. Но, доколку потенцијалните купувачи не слушнат за вас, доколку не им го привлечете вниманието, тие нема да дојдат и да купуваат. Не, затоа што не ве сакаат, туку затоа што не ве знаат и познаваат.

Ова е многу важен елемент за кој во Премиум Претприемач имаме издвоено цел модул кој трае скоро два месеци.

Кои алатки ќе користите?

Знаете кого треба привлечете, знаете каде се наоѓаат тие кои треба да ги привлечете и знаете што им го привлекува вниманието. Сега изберете ги алатките со кои ќе настапите за да ве дознаат и за да им го привлечете вниманието.

Па што чекаш? Акција….

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Vasko Petrovski says:

    Zdravo. Imam edno prasanje. Jasum za interesiran vo email marketing, ama kade ili kako mozam da dojdam do email adresi vo MK.
    Pozdrav
    Vasko Petrovski

    • Sutevski says:

      Email маркетинг во вистинска смисла на зборот е долгорочно маркетинг средство. Сам ја градиш листата, избираш софтвер кој ќе ја одржува базата на податоци свежа и актуелна и секако ќе се грижи за испраќање на email пораките. Повеќе детали за процесот можеш да најдеш во следниве линкови:
      http://www.pretpriemac.com/2010/11/25/e-mail-markhttp://www.pretpriemac.com/2010/04/27/e-mail-markhttp://www.pretpriemac.com/2011/06/15/email-markehttp://www.pretpriemac.com/2011/01/19/podobrete-j

      Овие текстови ќе ти разјаснат повеќе елементи.

      Но, не значи дека не можеш и со она што ти го наведуваш да најдеш или купиш еmail-ови. Но, првин пред да започнеш со такво нешто запрашај се дали би сакал секојдневно да добиваш по 10-тина email пораки кои воопшто не си ги побарал. И како би се чувствувал во една таква ситуација. Веројатно така би се чувствувале и твоите потенцијални купувачи на кои ќе им праќаш email.

Trackbacks

  1. […] Како до повторување на продажба? Прашање кое е постојано актуелно за секој претприемач како и прашањето за тоа како до повеќе купувачи. […]

  2. […] да преговараат со добавувачите, со потенцијалните купувачи и со вработените. Велам мора или може бидејќи не […]

Speak Your Mind

*