post

Како да го користите Evernote во вашиот бизнис?

Еден мал бизнис, и секако еден претпримач можат да го користат Evernote како една централна алатка во бизнисот.

Evernote

Во изминатиот период опфативме неколку наслови за некои идеи за користење на Evernote за целите на бизнисот кои беа резултат на мои лични искуства со алатката. Се поголемото користење ме натераат да се префрлам на платената верзија со што добив поголем простор за месечни белешки, како и индексирање на pdf фајловите кои ги ставам во нотесите. Тие pdf фајлови се резултат на некои делови од книги кои ги скенирам и префрлам во мојот систем на белешки.

Во овој наслов би сакал да групирам неколку можности кои ги нуди алатката и кои можат да се искористат за секојдневното функционирање на еден мал бизнис.

#1 Идеи, организација и имплементација на подобрувања во бизнисот

Оваа можност веќе детално ја обработивме во два наслови на претприемач:

#2 Помошна алатка за еден CRM систем

CRM систем претставува и ќе претставува срцето на секој мал бизнис. Колку подобро се евидентираат сите односи со купувачите и потенцијалните купувачи толку повеќе ќе се зголеми знаењето за купувачите во самиот бизнис како и бизнис потенцијалната енергија во тој бизнис.

И оваа можност ја документиравме во насловот: Користење на Gmail и Evernote како CRM систем.

#3 Собирање и организирање на истражувачки материјал

Мојата работа бара многу истражувања. Тоа значи многу книги, многу научно-истражувачки материјали, многу веб материјали, многу извештаи… За да ја работам работата која ја работам (консултант за мали бизниси) морам да бидам секогаш во тек со најновите научни достигнувања во подрачјето на претприемништвото. На пример, ако некоја книга нова излегува во март, до крајот на месецот морам да ја имам (затоа и над 500 книги се наоѓаат во мојата приватна библиотека).

Во последните неколку години се обидував со многу различни процеси да бидам колку што може повеќе организиран во однос на истражувачкиот материјал кој го имам и кој постојано се надополнува. Тука Evernote најде одлично место за мене. Се она што е вредно во посебен фолдер насловен како истражување или референци. Ако е дел од книга со помош на iPhone го скенирам тој дел и го ставам во тој фолдер од Evernote. Ако е некој веб сајт или блог автоматски она што е вредно или цело и еден сегмент го праќам во тој фолдер. Ако е некоја идеја ја пишувам или во вид на аудио запис го праќам во Evernote…

#4 Забелешки од секаде

Бидејќи Evernote е апликација за белешки таа како основа може да се користи токму за тоа. Забелешки од состаноци, забелешки од продажби, забелешки на идеи, забелешки во вид на To-Do, забелешки за идните планови, забелешки за идните идеи…

Доколку сакаш да запомниш се, тогаш Evernote е одлична алатка. Како еден претприемач ќе ти треба да запомниш се околу тебе.

#5 Комуникација со тимот со кој работиш

Бидејќи користам платена верзија оваа е уште една корисност која ја добивам затоа што можам да креирам нотеси кои може да бидат ажурирани од оние со кои ќе ги споделам (оваа опција во бесплатната верзија ја нема).

На ваков начин, може да се споделат задачи за работа, може да се изведуваат бреинсторминг сесии, може да се подготвуваат заеднички планови, може да се работи за ист документ…

Сето ова се некои можности кои се потребни за денешните услови во кои стопанисува твојот бизнис.

#6 Дигитализација на документи

Добро е да ги имаме документите кои што ни се потребни секогаш со нас, бидејќи не знаеме во кој момент што може да ни затреба, а не можеме да носиме куфер полн со хартија секогаш со нас. Од друга страна, колку помалку хартија толку повеќе твојот бизнис се вклучува во зелени бизниси, кои даваат допринос во заштита на околината.

Не треба копии, не треба хартија, не треба папки, големи нотеси… Се на едно место, организирано, чисто, средено…

Од бизнис картички, до секакви видови на извештаи може да бидат достапни во секое време од било каде.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*