post

Како им помагаме на бизнисите?

Премиум Претприемач

Премиум Претприемач

Веќе повеќе од една година работевме на дизајн на систем за помш на сегашни и идни претприемачи во Премиум материјалот на претприемач. Вложивме голем труд да создадеме еден ваков сеопфатен материјал кој конечно ќе биде достапен за сите оние кои сакаат да бидат успешни претприемачи.

Во овој пост би сакал накратко да образложам што претставува премиум претприемач.

Премиум претприемач е модуларен виртуелен консултант за Вас како иден или сегашен претприемач, кој ќе започне да ве води низ процесот на креирање на над 30 бизнис идеи, избор на најдобрата и претворање на таа бизнис идеја во успешен бизнис во период од една година или поточно за 54 недели.

Системот е дизајниран така да добивате материјал секоја недела во наредните 54 недели од првичната регистрација. Тој материјал е составен од видео материјали. темплејти, ресурси и TO-DO листа за секоја недела. Од друга страна, предвиден е форум за членовите на премиум претприемач преку кој ќе може да се разменуваат различни искуства на секој член како и можност за идна соработка помеѓу самите членови.

Системот е дизајниран модуларно (во 9 модули) и тоа:

  • Модул 1 – Бизнис идеја. Во овој модул е опфатен еден специјално дизајниран процес кој ќе ве води низ повеќенеделен процес на креирање на идеална бизнис идеја за вас како претприемач, но и за пазарот кој сепак е последниот кој го оценува бизнисот и самата бизнис идеја.
  • Модул 2 – Истражување на пазар и планирање. Целта на овој модул е да ја провериме бизнис идејата која ја избравме во претходниот модул преку спроведување на едно сеопфатно истражување на пазарот и да имаме план за наши идни активности како претприемачи.
  • Модул 3 – Градење на супериорна вредност. Да се биде супериорен значи да се биде натпросечен или подобар во споредба со другите. Супериорноста ја прави разликата помеѓу бизнисите. Со овој модул Вашиот бизнис ќе има таква супериорна вредност да потенцијалните купувачи врескаат за да стигнат до Вашиот производ и/или услуга.
  • Модул 4 – Привлекување на внимание. Со овој модул Вашиот бизнис ќе го привлече и ќе го привлекува вниманието на потенцијалните купувачи со што препознатливоста ќе биде на највисоко можно ниво.
  • Модул 5 – Ценовна политика. Вистинската цена е одраз на пазарот, но и на умешноста на претприемачот да го извлече максимумот за својот бизнис. Со овој модул токму таа претприемничка умешност искомбинирана со сите претходни модулу ќе овозможи конкурентност со зголемена профитабилност на бизнисот.
  • Модул 6 – Маркетинг стратегии. Со овој модул токму таа претприемничка умешност, желба и креативност искомбинирани со сите претходни модулу ќе овозможи повеќекратно зголемување на влезот во Вашата продажна инка и со тоа и зголемена профитабилност на бизнисот.
  • Модул 7 – Онлајн стратегија. Со овој модул токму она што Ви е потребно ќе биде дизајнирано и скицирано во вид на една онлајн стратегија. Не е важно дали сте бизнис базиран на онлајн продажба или пак имате само офлајн продажба. Со овој модул Вашиот бизнис ќе влезе во светот на интернетот.
  • Модул 8 – Социјални мрежи. Социјалните мрежи не е само користење на Facebook. Она што е интересно е што постојат илјадници социјални мрежи кои што можат да се искористат во бизнис цели. Иако, не значи дека сите ќе дадат резултати, но еден милиметар зголемување на ваша присутност од една помножено со илјада ќе значи еден метар напред.
  • Модул 9 – Постојано подобрување. Подобрување и тоа постојано подобрување е основата за успех на сите успешни претприемачи и нивните бизниси. Работата на еден претприемач се претставува како одржување на тековниот раст на неговиот бизнис и во исто време барање на начини за иден поголем раст. Целта на овој модул е да Ви помогне да воспоставите систем за постојано подобрување во Вашиот бизнис.

Овие модули се поминуваат во 54 недели, при што за еден модул се задржуваме од еден до два месеци во зависност од модулот. Овие модули претставуват еден циклус, циклус кој за еден успешен бизнис никогаш не завршува.

По завршување на 54-неделен период сите членови остануваат со овозможен пристап доживотно до:

  • Сите модулу со своите неделни активности, ресурси, темплејти, видео материјали…
  • Форум и
  • Сите идни верзии на премиум претприемач како и бонус материјал.

Официјално стартување на премиум претприемач е предвидено идната недела, поточно во среда – 20.10.2010 година.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*