post

Како вашата “да направам” листа биде ориентирана кон акции

Не верувам дека некој не користи “да направам” листа. Можеби не ја користи систематски и на стратешки начин, но верувам дека сите сме се нашле во позиција кога правиме листа на нешто што треба да направиме. Дали кога одиме во продавница и носиме ливче или пак кога планираме чекори за некој проект, сепак користиме некаков вид на “да направам” листа.

Најискрено да кажам, кога денес (оваа го пишувам во сабота навечер) ја погледнав мојата листа косата ми се крена на главата. Толку хаотично, многу задачи (21 актуелна), активности планови за во иднина. Да не е OmniFocus да ми ги организира тие работи во еден логичен редослед како во поглед на контекстот, така и во поглед на време кога треба да се спроведе нешто, времетраење на активноста и проект во кој спаѓа. Сепак сето тоа расфрлано си доаѓа секојдневно на распоред, се брише кога се заврши и се прави повторно нов хаос како што ги процесирам идеите од мојот мозок.

Еден начин да опстоите во користење на овие листи и секако да ги имплементирате сите активности без притоа да ви текне еден ден дека нешто не е важно и да го избришете е да ги користите следниве препораки:

  • Започнете со планирање на вашата листа. Оваа значи да предвидите еден ден од неделата во кој ќе извршите преглед, ќе ажурирате и ќе активирате за следната недела.
  • Користете зборови кои претставуваат преземање на акција. Кога ја погледнувам сега мојата листа на почеток на секоја задача гледам вакви зборови: направи, спреми, преправи, напиши, доработи, среди… Оваа е нешто што јасно ми става до знаење дека треба да се размрдам да направам нешто.
  • Не внесувајте дополнителни задачи за таа недела. Точно, не внесувајте дополнителни задачи за таа недела доколку не се нешто навистина приоритетно. Ова не значи дека она што ќе ви текне нема да го внесете затоа што се што ќе внесувате и што може да биде предмет за идната недела ќе оди во непроцесиран фолдер. Тој фолдер се процесира еднаш неделно-
  • Променете го датумот на незавршените задачи. Доколку ви се појави незавршена задача за денес, а знаете дека не сте ја планирале, сменете го датумот за завршување доколку навистина не можете да ја завршите. Важное да бидете фокусирани на онаа што навистина сте планирале да го завршите.
  • Работете на задачите од листата. Таа е ваша листа. Не очекувајте дека ќе го снема онаа што сте го ставиле, доколку самите вие не го завршите. Лесно е да се избрише нешто, но дали е тоа онаа што вие го сакате?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*