post

Како за неколку минути на прво место на Google?

Целта на веб презентација на бизнисите е да бидат најдени на овој огромен виртуелен простор. Прво, помеѓу се друго останато е да бидат најдени на Google, најмоќниот пребарувач. Инаку зошто на еден претприемач би му била потребна бизнис веб страна.

Веќе пишував за тоа дали веб страната е обична брошура и дополнувањето на тој напис во вид на заборавено поглавје. Во овие написи преку еден пример и преку некои мои размислувања ја претставив разликата помеѓу обична брошура и квалитетна веб страна која привлекува посетители кои ги трансформира во купувачи.

Целта на веб страните е да овозможат еден сосема нов приод во маркетингот, приод кој не е ист со оној маркетинг од ХХ-иот век туку сосема поразличен, а тоа е влезен маркетинг.

Овој напис претставува една моја презентација која произлезе како резултат на едно мое истражување и анализа како за насловот на една страна да излезам прв на Google и тоа на англиски јазик каде конкуренцијата е доста поголема. Оваа истражување во форма на пробување, грешење и забележување траеше неколку месеци. Веб страната на која работев беше Entrepreneurship In a Box, англиска верзија на претприемач која се повеќе ми служи за анализи и пробување на нови работи.

Тука нема да ги забележувам сите оние работи кои веќе ги имам инсталирано за да се известува Google за новата содржина туку едноствано за она што направив за веднаш по кликнување на копчето Publish за фразата која ја таргетирав да се најдам на прво место.

Резултатот од мојата работа

Забележувате дека по 32 минути проверив за насловот и излегов прв од 192.000.000,00 страни. Но, ова постигнување бараше дополнителна работа на самиот напис уште еден час.

Каква врска има ова со претприемачите?

Ќе покажам еден пример. Зборот челични цевки месечно се пребарува 3810 пати. Додека зборот цени на челични цевки се пребарува 990 пати. Дали некоја наша компанија може да излезе во пресрет на бизнисите или луѓето кои го бараат овие зборови. Имаме две компании кои произведуваат челични цевки во Република Македонија, но и двете не се наоѓаат меѓу први кога ќе барате на Google тие фрази на англиски (не сакам да споредувам во однос на македонски јазик бидејќи ние сме мала земја и сметам дека целта е да излегуваме надвор од Македонија преку извоз на нашите производи и услуги).

Од друга страна двете фрази од примерот имаат различно значење, едната е општа, додека втората е специфична и има поголема веројатност дека некој кој ја бара има за цел да купи.

Мислам дека со мала математика ќе можете да го сфатите значењето за претприемачите да нивната веб страна котира повисоко на Google.

Што е тоа што го направив?

Во кратки црти ќе се обидам да направам рекапитулар на онаа што претходеше на овој резултат:

  • Таргетирав специфична фраза. Свесен сум дека доколку одев со фразата business idea нема да постигнам ништо бидејќи е многу поконкурентен. Затоа таргетирав фраза која е специфична и која помалку се бара, а сепак на еден подолг рок може да даде одредени резултати. Во едни вакви ситуации подобро е да имме повеќе страни со различни специфични фрази преку кои на еден подолг рок ќе таргетираме повеќе посетители.
  • Наслов. Фразата која ја таргетирав ја ставив на почетокот на насловот (Title).
  • Комбинација на примарни и секундарни зборови. Доста време потрошив на оваа комбинација, бидејќи примарните зборови требаше да ги усогласам со содржината на текстот.
  • Опис (Description). Не знаев дека големо влијание има и оваа поле кое всушност претставува meta description. Она што го забележав е дека не треба да биде многу долг описот и секако зборот кој го сметам како примарен да биде на почетокот.
  • Hyperlinks. Ова е едно од клучните елементи на ова мое истражување. По повеќе обиди забележав дека треба да има повеќе линкови во самиот текст, но доколку претерав добивав контра ефект. Така да како оптимално мојата математика покажа дека е препорачливо да се има еден hyperlink на 120-150 збора во текстот.
  • Густина на зборовите. На ова најмногу се намачив. Бидејќи текстот беше превод на Имате бизнис идеја – Што понатаму? од претприемач, а примарните зборови се повторуваа премногу па затоа морав на англиски да ги склопам речениците така да не изгубат смисол, а да ги отстранам премногуте повторувања кои се над 2-3% од вкупниот број на зборови.

Забележувате дека ова бара дополнителна работа, а всушност претставува само еден мал дел од целиот процес. На пример, јас веќе имав готов текст, напишан на англиски. Значи содржина е нешто примарно за да Вашиот бизнис успее во влезниот маркетинг.

Ова е само 1% од се она што треба да се прави за да се постигне успех. Но, полека ќе ги склопуваме коцките на претприемач и во оваа поле, а особено кога набргу ќе следуваaт 50-те маркетинг средства кои ќе се однесуваат на онлајн или интернет маркетинг.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Одлично склопено. Би сакал да видам напис за тоа како некој сајт да направиш да излегува прв за некои клучни зборови, кои му се во насловот (title), а се многу малку барани. Што во тој случај? Дали претходно треба да го рекламираш сајтот некое време, за да луѓето го забележат? Па после тоа би се зголемил обемот на пребарување на тој клучен збор, и со тоа сајтот би излегувал прв или .. ?

    • Драган Шутевски says:

      Фала Горан!
      Обем на пребарување по клучен збор најмалку зависи од веб страните туку од оние кои пребаруваат информација. Насловот е важен но не и најважен. Во никој случај SEO не би го поврзал со рекламирање бидејќи се однесуваат на сосема различни пристапи. Подобра стратегија според мене е да се одберат повеќе зборови, а не само еден, да се гради содржината во која ќе се интегрираат тие зборови (со интерни и екстерни линкови) и секако ако треба да се смени и насловот. На пример, ако насловот е бренд или име на компанија може да се смени со додавка на она што вообичаено ќе се бара за таа компанија наместо да се оди со глава во ѕид со клучен збор кој не се бара. Од друга страна што воопшто тука не е споменато се и дојдовни линкови со кои се гради page rang-от во очите на пребарувачите (Google).
      Во секој случај јас не би одел со алтернатива на реклама за да се зголеми пребарување врз основа на тој збор, реклама би ја користел за водење до продажната страна. А органското пребарување би го користел за високо рангирање во однос на различни зборови до блогот каде ќе се креира квалитетна содржина.

  2. http://www.mypicx.com/uploadimg/1835467449_031820

    не е се баш така розево:)

    • Драган Шутевски says:

      Е не е, но ова е само еден текст. Позицијата не е статична, туку динамична. По оваа анализа, го избришав написот за да видам што ќе се случи. Утредента го немаше на Google. Па повторно го активирав, па пак го немаше. Потоа од друг напис го линкував, па се појави како 4-ти. Во исто време следам и преку Keyword Elite 2.0 (платежна верзија) за тоа како се движи и секако бележам при што мали активности влијаат на различно однесување на резултати од пребарување. Ја следам и аналитиката на страната при што откако го применувам овој принцип имам 70% повеќе посетители пратени од Google. Сите овие резултати влегуваат во една база на податоци која специјално ја изготвив во MS Access за да може да ги следам промените. Ова се само мои истражувања (од кои тука е опфатен само дел, бидејќи сеуште се во тек) бидејќи доколку не испробувам не сум сигурен во она што ќе го прочитам некаде. Затоа и напоменав дека ова е можеби само 1%. Целта ми беше да дојдам до бројки оптимални.

      Еве како е за англиска варијанта денес во KE базата на податоци која не е поврзана со локализација или пак начинот на мое однесување на Google:

      http://pretpriemac.s3.amazonaws.com/2010-03-18_201724.png

      А еве на Google уште едно од денес:

      http://pretpriemac.s3.amazonaws.com/2010-03-18_202052.png

  3. Е навистина студиозно си навлегол во процесов. Очекувам споделување на новите искуства и заклучоци. 🙂

    Секоја чест за решителноста да навлезеш во ова поле.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Во секој случај како ќе ги склопувам коцкиците и ќе споделувам. Едноставно најдобро учам кога пробувам и грешам, а кога ќе згрешам и ја увидам грешката веќе не ја повторувам.:)

Trackbacks

  1. […] како резултат. Некои од сознанијата ги напишав во Како на прво место на Google за неколку минути. Она што можам сега да го претставам е дека навистина […]

  2. […] вкупен број на зборови… Некои до тие ги опфатив во Како на прво место за неколку минути? Но, во секој случај ова се најважните елементи кои би […]

Speak Your Mind

*