Овој пост е напишан од страна на м-р Илија Чубровиќ и м-р Драган Шутевски како дел од подготовка на книгата за малопродажба која уште не е довршена и претставува освежување на постот од артиклите на претприемач.

Карактеристики на продавачи
Бидејки имаат иста работа мажите и жените кои продаваат одредени производи и/или услуги ги нарекуваме под едно име продавач. Како и секое занимање и ова има свои обележја и карактеристики. Поради недостиг на работни места голем број на луѓе покажуваат интерес да се вработат како продавачи. Од друга страна ова е поврзано и со фактот од постоење на голем број на малопродажни објекти а со тоа и вработувањето е позначително во однос на другите дејности.
Позитивни и негативни карактеристики
До пред некое време продавачите мораа да имаат завршено средно трговско училиште доколу сакаа да работат како продавачи, но сега образованието на продавачите е различно, опфатени се различни професии и нивоа. Постојат различни видови на продавачи. Сигурно препознавате продавачи кои глумат големи експерти за компјутери или други технички производи потценувајки ги купувачите и не нудејки им ги сите потребни објаснувања за производот кој сакаат да го купат. Некои се потсмеват доколку потенцијалниот купувач носи поголема конфекција или пак чевли што претставува непрофесионално однесување, други пак се обидуваат да ги поткраднуваат купувачите при наплата, не издаваат фискални сметки. Постојат и такви кои зад грбот на претприемачот купуваат производи од улични продавачи (фалсификати) и ги продаваат по 10 пати повисока цена (ги продаваат како оригинали), а продажбата ја ставаат во својот џеб.
Продавачите претставуваат еден сегмент од потенцијалната енергија на бизнисите. Со добри продавачи потенцијалната енергија на бизнисот е поголема, а со тоа и претворањето на истата во кинетичка енергија (извршување на работа – профитабилноста) ќе биде поголема. Можете да ги имате најдобрите производи и/или услуги, или пак најквалитетните и најбаранитете производи/услуги, а сепак да не се продаваат заради непрофесионален продавач или заради продавач кој не знае како да ги продаде.
Продавачите во Вашиот бизнис се оние кои се во директен контакт со купувачите. Последната одлука на купувачите зависи од презентацијата на Вашите продавачи. Така, вие можете да одвојувате огромна сума на пари за маркетинг и да ги доведете потенцијалните потрошувачи до Вашиот продажен простор, а тие сепак да не купат од Вас, едноставно заради Вашиот продавач. Вашата продажна инка може да биде одлично составена и во сите нивоа да имате доволен број на потенцијални потрошувачи, но во нивото на инката кое е наречено акција сепак да не поминува доволен број на купувачи. Тогаш треба да се запрашате дали Вашиот продажен тим ја заслужува платата која им ја давате.
Продавачите се луѓе кои се во непосредна комуникација со купувачите и од нив во голем дел зависи севкупното работење на малопродажните објекти. Како прво продавачот мора да изгледа пристојно. Без оглед дали имаат домашни или лични проблеми продавачите мораат секогаш да се ведри и весели и во ниеден случај да не покажауват знаци на нервоза што се пренесува на купувачите и допринесува тие да побегнат без да се реализира продажбата. Тоа е исто како кога дома ќе Ви дојде несакан гостин за жената. Таа ќе го услужи (за да нема кавги со сопругот) ќе му свари и принесе кафе ама кога ќе го послужува доволно е посилно да ја фрли чашата и гостинот добро ќе подразмисли кога ќе треба повторно да дојде на гости.
Така, доволно е продавачот да биде дрзок, невоспитан и нељубезен, да не влева доверба и да биде здодевен, да биде валкан или нешто слично па купувачот следниот пат ќе го избегнува Вашиот малопродажен објект.
Продавачот треба активно да комуницира со купувачот. Продавачот сака да продаде некој производ понекогаш и со манипулации, лажење, вршење на притисоци преку деца или слични трикови. Па купувачите секогаш пристапуват кон купувањето со посебно внимание за да не дозволат да бидат измамени.
Има продавачи кои не им обрнуваат доволно внимание на купувачите. На нив им е поважен приватен телефонски разговор, дотерување на фризури или нокти (лакирање) или пак „хеклањето“ или пак домашната работа на децата отколку да го услужат купувачот.
Некои начини за „контрола“…
Голем број на продавачите неподготвени влегуваат во работа, па сите ние сме сретнале продавачите кои прават зачудувачки наивни грешки и пропусти при работата со купувачите и успеваат да го упропастат бизнисот на претприемачот. Заради подобра контрола се препорачува поставување на видео камери било директно било врзани преку интернет. Доколку е камера врзана на интернетот претприемачот може во секој момент да види што се случува на лице место и соодветно да реагира.
Може да се остават нумерирани нотеси во кои купувачите би можеле да ги запишат сите свои примедби, недолично однесување, обид за измами, непочитување на желбите на купувачот како и други примери.
Или пак може да се постави кутија за поплаки и пофалби кои би гарантирале дека претприемачот ќе биде благовремено информиран за секое случување. Има голем број на продавачи кои едноставно ја прифаќаат работа и доаѓат на работа не за да работат туку да им помине денот и да земат плата.
Може да ја поттикнете комуникацијата со Вашите купувачи и онлајн преку контакт форма на Вашиот веб сајт или пак преку социјални мрежи.
Едно нешто е сигурно во денешниот несигурен свет – претприемачот не треба да има емоции кон продавачот. Тој треба да си ја врши работата да продава, да врши набавка на роба, да води книговодство и друга евиденција, да ја одржува хигиената во продавницата и околина пред продавницата, да одржува ред и дисциплина. Не смее да прибира гости кои ќе доаѓаат само да си го поминат слободното време. Тој е често на удир на измамници, крадци, наркомани, инспектори и слично па мораат да бидаат и психички стабилни за да излезат во пресрет на тие барања.
[…] КАРАКТЕРИСТИКИ НА (НЕ)ПРОДАВАЧИ […]