post

Клучниот елемент за зголемување на eфикасноста

Веќе знаеме дека прво треба да бидеме ефективни (да ги правиме правите работи), а потоа ефикасни.

Успешноста се базира на ефективноста и ефикасноста како на претприемачот, така и на бизнисот воопшто. Но, дали може бизнисот да биде ефикасен и ефективен, без притоа претприемачот да биде ефикасен и ефективен.

Кога станува збор за бизнисот, како еден организациски систем ефективноста и ефикасноста се стекнуваат со помош на системите кои ќе ги изгради претприемачот. Е, токму затоа претприемачот мора да биде ефективен и ефикасен.

Кога веќе знаеме кои се оние “вистинските” работи кои треба да се прават од страна на претприемачот време е да започнеме да ја подобруваме ефикасноста што значи тие прави работи да ги завршиме на прав начин. Ова значи дека:

  • Брзо ќе ги завршиме тие работи и
  • Ќе ги завршиме со најмал можен напор, но со најдобри можни резултати.

Но, не можеме да очекуваме дека од првпат ќе се случи тоа. Зголемување на ефикасноста е процес кој се базира на знаење и постојано учење. Еве како изгледа тој процес:

  • Несвесни некомпетентности. Оваа состојба е кога воопшто не знаете како да направите нешто, но и сеуште не сте свесни дека не знаете.
  • Свесни некомпетентности. Оваа состојба претставува втората фаза, а тоа е кога сте свесни дека не знаете како да го направите тоа, и веќе барате начини да научите, да најдете некој наместо вас да го заврши тоа…
  • Свесна компетентност. Оваа состојба е кога знаете што треба да направите и како да го направите тоа, но сепак таа работа бара целосен фокус и концентрација при изведување.
  • Несвесна компетентност. Оваа состојба е кога веќе можете да направите нешто без воопшто да размислувате за тоа како, кој редослед на чекори или кои алатки да ги користите. Едноставно без никаква потребна концентрација кон она што го работите го сработувате.

Да го земеме примерот со возење на автомобил. Како дете воопшто не знаете како функционира автомобилот и како истиот се управува. Тогаш сте биле во несвесна некомпетентност бидејќи не ви било ни гајле за да дознаете, сте немале потреба за тоа.

Како што растете и се приближува денот за полагање за возачка дозвола, читате, прашувате, гледате додека вози некој друг, се обидувате да повозите… Но, сепак сеуште остануваат многу прашања. Сепак возењето бара вклучување на сите сетила, но и сите екстремитети. Во оваа состојба вие сте свесни за вашата некомпетентност.

И добро ја добивате вашата возачка дозвола и започнувате да возите, но забележувате дека не е лесно, мора да сте фокусирани и концентрирани. Кога да закочите, кога да дадете соодветен сигнал, кога да… Сите тие прашања доведуваат до несигурност и бараат поголема концентрација.

Како што возите се повеќе, станувате и се повеќе несвесно компетентен. Тоа значи дека возите со сигурност, по автоматизам. Раката или ногата сама поаѓа да ја заврши работата која треба да се заврши.

Затоа мора да знаете во која фаза се наоѓате кога работите во вашиот бизнис барем на клучните вредности. А, потоа да се организирате од таа фаза да стасате до фазата на несвесна компетентност. Клучниот елемент во зголемување на ефикасноста е вежбање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*