
Во оваа одлична книга, авторите даваат еден аутлајн на најкорисните алатки и чекори, но наместо преку научен и теоретски јазик користат збир на успешни приказни во однос на овој нов феномен кога станува збор за користење и дејствување на база на големи податоци.
Книгата може да ви помогне во промена на тоа како во моментов го гледате светот. Со еден сосема нов поглед на светот од ваша страна како еден претприемач, ќе бидете свесни дека се околу вас може да биде важно и корисно доколку се собира и поврзува со податоците кои веќе ги поседувате во вашиот бизнис. Авторите велат:
Да се гледа светот како информации, како океан на податоци кои можат да бидат истражени во уште поголема ширина и длабочина, ни нуди перспектива за реалноста која ја немавме порано.
Speak Your Mind