aside

Лансирање – Како брзо да го турнете вашиот бизнис вон конкуренција

лансирање вашиот бизнис пред конкуренција Launch: How to Quickly Propel Your Business Beyond the Competition од Michael A. Stelzner

Од авторот на еден од најпопуларните сајтови Social Media Examiner и претприемач, оваа книга претставува едно лесно за читање и разбирлив водич за користење на новите технологии во развој на вашиот бизнис.

Иако, книгата “Лансирање” е од пред неколку години и ја прочитав додека бев на одмор пред две години, сепак кога ја разгледав пред извесен период да видам какви белешки сум напишал и што сум подвлекол како интересно забележав дека ја немам препорачано овде на претприемач.

Во книгата ќе забележите како се користи аналогија на ракети при што се тргнува од основата, односно градењето па се до лансирањетои одржување на таа ракета која сте ја изградиле да биде функционална и да дава резултати заради кои и сте започнале да ја градите.

Оваа книга е повеќе од само еден маркетинг, оваа книга дава основни стандарди кои денес би требало да ги користите за да изградите односи на едно многу повисоко ниво, не само со вашите купувачи, туку и со сите останати чинители на целиот екосистем на вашиот бизнис.

Во “Лансирање” ќе најдете многу корисни совети за да креирате десет вида на содржина која ќе биде токму онаа што го сакаат вашите купувачи и која ќе биде основа на која ќе градите односи со нив за да обезбедите драстичен раст на бизнисот. Интересно е што во книгата преовладуваат совети презентирани преку лично искуство на авторот со неговиот веб сајт, односно блог.

Ја препорачувам оваа книга на сите претприемачи кои сакаат да одат еден чекор понапред со цел да бидат еден чекор понапред пред конкуренцијата. Но, мора да напоменам, тука нема кратенки и мора да ја обезбедите вашата посветеност доколку сакате да успеете. Книгите и советите се добри само доколку се имплементираат во секојдневната работа во вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*