post

КОГА и КАДЕ е важно исто како и ШТО

Претприемачите вообичаено, односно по природа се започнувачи, но и завршувачи, односно спроведувачи на нивните идеи.

Безброј идеи, проекти, задачи и активности се моткаат секојдневно во главата на еден претприемач. Може да бидат корисни, но и некорисни. Може да бидат важни (приоритетни) но и неприоритетни. Може да се однесуваат за денес, но може да се однесуваат и за утре, задутре, по една недела, по еден месец, по една година или пак по неколку години.

Уште една карактеристика на претприемачите која доаѓа од тоа започнување е возбуденоста кога се започнува нешто ново, нешто непознато, нешто што може да го промени светот во кој живееме… Не значи дека е лошо да се започнуваат идеите, работите, проектите, задачите, активностите… Но, не е добро да се започнуваат нови без да се завршат веќе започнатите.

Честопати можеме да се најдеме себеси, да работиме на нешто, да започнеме нешто друго иако сеуште не сме го завршиле тоа нешто и на крај да ги оставиме (зае….) и недовршените и штотуку започнатите активности па да се префрлиме на трети. И така се “натрупуваме” не постигнуваме ништо, а притисокот почнуваме да го чувствуваме како нешто навистина неиздржливо.

Но, претприемништвото не се однесува само на тоа што сте започнале да го работите, туку и на тоа што сте завршиле и постигнале со тоа завршување.

Како да се излезе од една таква непосакувана ситуација, со која се чини се соочуваат сите претприемачи, а особено стартап претприемачи?

1. Прво ШТО треба да работите

Секогаш започнувате со ШТО. Што е она што треба да го работите, односно започнете и завршите?

Тука размислувате за приоритети на проекти, активности, задачи…

2. Но, ШТО е поврзано со КОГА

Само ШТО не е доволно за обезбедување на завршување на работата. Комбинацијата на приоритетот и ургентноста ни кажува кога треба нешто да завршиме.

Втората димензија е КОГА – време. Ако знаеме што треба да работиме, мора да знаеме и до кога ќе треба да го сработиме тоа нешто.

3. Освен КОГА и ШТО денес имате и КАДЕ

Често пати ја забораваме третата димензија на завршување на работите – каде треба да го завршиме она што треба да го звршиме до тогаш и тогаш.

Денес завршување на работите е во силна врска со местото во кое се наоѓаме, алатките кои ги поседуваме и нивната достапност. Различни активности бараат различни места и алатки. Добра организација ќе мора да ја содржи и оваа трета димензија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*