Се чини толку едноставно, но толку многу работи зависат од една обична реченица која се нарекува мисија.
Не верувам дека постои компанија која нема мисија. Барем поголемиот дел од компании имаат посебна веб страна на нивниот сајт во кој ја наведуваат мисијата.
Не е проблем што ја имаат мисијата на веб сајтот, проблемот е суштински:
- мисијата не ја отсликува реалноста на бизнисот и
- значењето на мисијата е потценето.
Тогаш, зошто ни е мисијата.
Во бизнис план – содржина и резиме пред неколку години пишував за мисија како дел од бизнис планот. Но, изгледа требаше да обрнам особено внимание како посебни наслови.
Мисијата треба да го дефинира она што бизнисот сака да го работи за најмалку четири категории:
- Потрошувачите
- Вработените
- Сопствениците
- Општеството
Кажано со едноставни зборови мисијата претставува причина за постоење на бизнисот.
И сега го гледаме следново:
Мисија на XYZ е да ги обезбеди најдобрите, најквалитетнтите, најсовршените производи и услуги од ABC индустрија за нашите купувачи.
Ова е една кратка верзија. Мисијата може да биде составена и од повеќе реченици, но повеќето се бла, бла, бла…
Често пати им го поставувам прашањето на претприемачите за кого? За купувачи велат. За кои купувачи? За наши купувачи велат. А, кои се ваши купувачи? И тогаш настапува вистински проблем. Било кој велат.
Тука не одам во останатите 3 категории, доволна е првата – купувачи.
Кои се твоите купувачи?
Дали доволно добро ги знаеш?
Се чини дека клучните прашања немаат одговор.
Пред извесен период дојдов до една структура на CRM база на податоци во која видов дури и смешни работи. таму имаше полиња кои се занимаваа со тоа дали има домашно милениче? Дали е тоа куче или маче? А бизнисот немаше врска со домашни миленичиња. Но, бизнисот сака да знае колку што може повеќе за своите купувачи.
Сакаш да излезеш во пресрет на нивните потреби? Мора да ги знаеш многу подобро. Кога ги знаеш подобро, специфицирај точно во твојата мисија за кого станува збор. Мисијата не е само за табе. Таа е и за сите останати во твојот бизнис, но и за сите од надворешноста на твојот бизнис.
Како дел од теорија на бизнис ќе одиме посебно во развој на купувачи и ќе видите зошто тоа е суштината на еден бизнис.




Speak Your Mind