post

Комплетен бизнис план

Плановите како што ни кажува и самото име се подготвуваат за да го испланираме процесот, односно чекорите кои ќе ги преземеме во иднина.

Кога станува збор за бизнис план, зборуваме за чекори кои еден бизнис треба да ги преземе во иднината.

Плановите по природа изгледаат статични, но сепак претставуваат динамички документи.

Претприемачите вообичаено имаат бизнис план во кој наведуваат што сакаат да постигнат, што и како ќе испорачаат, ги оценуваат слабите и јаките страни на бизнисот како и заканите и можностите и врз основа на таа анализа подготвуваат стратегии за иднина, ги проектираат финансиските движења во самиот бизниси буџети кои ќе бидат потребни за реализација на тие стратегии или чекори…

И кога сетоа тоа ќе биде комплетирано во еден документ (може да биде убаво укоричен, украсен со логото на бизнисот како и убави графикони во боја) велиме дека го комплетиравме планот. Велиме дека тој бизнис план е комплетен.

Сосема погрешно.

Уште од првиот ден на овој сајт пишувам за правење на разлика помеѓу процес на бизнис планирање и бизнис план. Бизнис план е документ кој е излез (резултат) од процесот на бизнис планирање, но бидејќи процесот на бизнис планирање никогаш не завршува, никогаш не е комплетен, затоа и бизнис планот како негов резултат не може да биде комплетен.

Особено е тешко да кажеме дека бизнис планот е комплетен поради фактот што тој се однесува на иднината. Се планира денес, се имплементира утре. Користиме многу непотврдени информации и хипотези. Затоа кога ќе дојде време за импементација поголема е веројатноста тие информации и хипотези да бидат неточни, а со тоа и планот недобар, што значи и потреба за прилагодување и дека е некомплетен.

Едноставно, вашата задача како претприемач е да го следите прогресот на бизнис планот, да одржувате редовни состаноци со вашиот тим и да носите одлуки за прилагодување на планот и насоките во кои вашиот бизнис ќе треба да се движи.

Едно нешто е важно и реба да се запомни: Бизнис план никогаш не може да биде комплетен.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*