post

ЕДНА КРЕАТИВНА МОЖНОСТ ЗА УЧЕЊЕ

Постојано учење е нешто што постојано ја зголемува бизнис потенцијалната енергија како на претприемачот така и на бизнисот воопшто. Со овој блог напис сакам да поделaм едно мое искуство во однос на учењето.

Дневно прелистувам и читам илјадници веб страни и воедно пишувам за неколку мои веб страни. Кога го започнав мојот најнов сајт Entrepreneurship in a Box пред одреден период морав да учам и да читам постојано за блогирање и начин на пишување. Завршив повеќе онлајн курсеви и прочитв неколку книги за блогирање напишани од најуспешните во оваа подрачје.

Еден од подобрите ако не и најдобри блогови кои се занимават со тема блогирање и начин на пишување се ProBlogger и CopyBlogger.

На ProBlogger најдов интересен серијал од 15-тина блог написи во однос на тоа каков наслов да користиш па се до различните елементи на еден блог напис. Тоа не го применувам за претприемач туку само за Entrepreneurship in a Box. Но, проблемот е што јас ги прочитав но не можев да ги запомнам сите информации стекнати од тие 15-тина блог написи.

За да го решам проблемот ги спроведов следниве чекори:

  • Од сите написи ги извадив најважните елементи (по една реченица)
  • Направив еден график наречен Mind Mapping кој излезе доста сложен но поедноставен за снаоѓање од директно читање на вебот.
  • Го трансформирав графикот во вид на слика.
  • Го поставив на мојот десктоп како позадинска слика.

Еве ја сликата на десктоп:

Што добив?

  • Секогаш кога ќе го вклучам мојот компјутер се прикажува таа слика.
  • Секогаш кога работам н мојот компјутер ја гледам сликата и се потсетувам на пораките во истата.
  • Секогаш кога ќе пишувам блог пост за Entrepreneurship in a Box погледнувам во препораките од сликата.
  • Сликата постојано ми дава идеи и инспирација (за еден месец напишав 60 блог написи за Entrepreneurship in a Box).

Користете креативни можности за да бидете повеќе фокусирани во работата и со тоа пефективни и поефикасни секако. Можете неделните задачи да ги ставите како позадинска слика на Вашиот десктоп и секогаш кога ќе го вклучите компјутерот ќе погледнете што треба да сработите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*