post

LINKEDIN – БИЗНИС СО БИЗНИС ВМРЕЖУВАЊЕ

LinkedIn претставува најголемиот сајт за деловно вмрежување. Малку подолу ќе прикажеме некои статистики за оваа бизнис алатка, а сега накратко да што е LinkedIn.

Најпросто кажано LinkedIn претставува социјален сајт за вмрежување (слично како Facebook – кој моментално е попопуларен од LinkedIn во однос на број на корисници во Република Македонија). Но, суштинската разлика и значајност на LinkedIn е што оваа социјално вмрежување е бизнис ориентирано и во најголем дел се користи со цел за професионално вмрежување. Овој сајт започнал со работа во 2002 година, а во Февруари 2009 година има повеѓе од 35 милиони корисници од над 150 индустрии.

Некои од основните карактеристики и можности на LinkedIn се:

  • Мрежа на контакти преку која корисниците одржуваат контакти за бизнис партнерите
  • Можности на конекции од прво (директна конекција), второ и трето ниво. На ваков начин можете да се претставите на некој кој лично не го знаете но имате врска преку Вашите директни врски или пак преку врските на вашите директни врски (конекција од второ ниво).
  • Можност да се користи како средство за наоѓање на работа, бизнис партнери и потенцијални потрошувачи.
  • Можност за формирање или зачленување во различни заедници и поставувања на прашања во тие заедници кои се во поле на интерес на групата или заедницата.

Како изгледа LinkedIn во бројки:

  • Над 35 милиони корисници ширум светот кои се поврзани заради бизнис причини.
  • 46% од корисници се на менаџерски позиции (луѓе кои донесуваат одлуки)
  • Извршните директори од сите Fortune 500 компании се присутни на LinkedIn.
  • Опфатени се над 150 индустрии

Мислиме дека оваа е доволно за да се активирате особено доколку сакате да го глобализирате Вашиот бизнис. Во условите во кои стопанисуваат малите бизниси во моментов во република Македонија и тоа како е потребно да се најдат бизнис партнери ширум светот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Blagoj says:

    Dragan,
    Dali ovoj sajt e voopshte prvenstveno namenet “za vmrezhuvanje na biznisi” ??? 🙂

    • Сигурно дека не, има други првенствени намени, но целта е креативноста на користење да биде на прво место. Инаку текстот веќе не е валиден, статистиките се променетои. Можностите се многу поголеми особено поради фактот што одтогаш до сега се направени повеќе редизајни, додадени повеќе алатки и можности, зголемен број на корисници, со различни профили…

      • Blagoj says:

        Zaradi luge koi prv pat slusnale ili samo slushnale a nemaat svoi profili na LinedIn, mislam deka tvojata definicija ke dovede do golema zabluda.
        “LinkedIn претставува најголемиот сајт за вмрежување на бизнис со бизнис.” – kopirano od tekstot pogore.

        • Далеку е од дефиниција, затоа што не користам или не ги сакам истите. Но, сепак би требало да се измени во деловно вмрежување или бизнис вмрежување. Благодарам на забелешката.

Speak Your Mind

*