Извор: PsyBlog
Науката досега има докажано дека постојат повеќе активности кои овозможуваат зајакнување и на телото и на душата на луѓето. Често пати времето во кое што живееме не ни дозволува да мислиме на убави работи кои навистина предизвикуваат благосостојба. Едноставно го игнорираме онаа што го имаме и што има потенцијал да не енергизира со уште посилна енергија во нашиот живот.
Еден начин за да го зајакнеме и телото и душата, психолозите Jamie Kurtz и Sonia Lyubomirsky предлагаат да фотографирате различни сегменти од вашиот секојдневен живот. Чекорите кои ги предлагаат се следниве:
- Во текот на денот сликајте разни сегменти од вашиот живот.
- Размислувајте за работите кои се централни и кои всушност кажуваат кои сте вие навистина.
- Обидете се да сликате минимум пет фотографии секојдневно.
Избор на пет важни работи и давање на нивно значење во вашиот живот едноставно секогаш ќе ве потсетуваат кои сте вие всушност. А бидејќи претприемачкиот живот не е лесен и лесно доведува да се заборави кои сме, што сме и што сакаме, оваа е добар начин да се навраќаме на корените, на онаа што не поттикнало да го започнеме овој претприемачки живот.




Speak Your Mind