link

10 карактеристики на успешни млади претприемачи

10 карактеристики на успешни млади претприемачи

Успешни млади претприемачи – извор: InfWorm

успешни млади претприемачи

Карактеристиките на успешни млади претприемачи се презентирани како што се, додека коментарите се мои.

  1. Начин на размислување во кој преовладува дека ништо нема да загубам. Стравот дека ќе се направи грешка, или ќе се загуби нешто доколку се преземе акција претставува една од најголемите пречки на еден претприемачки пат. Успешни млади претприемачи се карактеризираат токму со ваква особина.
  2. Работат напорно откако ќе си го средат умот. Успешни млади претприемачи имаат визија, а кога веќе ќе бидат сигурни за нивната визија, напорно работат за реализација на истата.
  3. Избегнуваат повторување на грешки. Иако, се млади сепак се интелигентни, едноставно учат од грешки, со што не дозволуваат да повторат иста грешка два пати.
  4. Тие се отпорни и упорни. На нивниот претприемачки пат ќе имаат големи препреки, напади и притисоци. Но, тие знаат дека мора да бидат отпорни, но и упорни во поминување на секој чекор од нивниот претприемачки пат.
  5. Лесно се инспирираат. Инспирација во претприемништвото е основа за успех. Младите успешни претприемачи лесно се инспирираат, всушност инспирацијата ги одржува во животот.
  6. Поседуваат креативност и различен изглед. Да се биде претприемач, бара огромна количина на креативност. Тоа е разликата по која се разликуваат претприемачите.
  7. Имаат безгрижен став. Иако има основа за грижи, сепак имаат безгрижен став кон се и сешто околу нивниот бизнис.
  8. Поседуваат вештини за вмрежување. Вмрежувањето обезбедува брз успех при лансирање на нивните идеи, затоа и младите успешни претприемачи се карактеризираат со оваа вештина.
  9. Не стравуваат да започнат повторно. Успешен претприемачки пат не значи дека ќе се помине одеднаш без никаква грешка. Успешен претприемачки пат значи и да се падне, но и повторно да се стане и продолжи.
  10. Прават глупави работи, но со ентузијазам. Најглупавите идеи во моментов често пати стануваат најдобри бизниси.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*