post

МАЛОПРОДАЖБА – ОГРОМНО ЕКОНОМСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ

Малопродажбата претставува еден многу динамичен сектор кој се разликува од сите останати бини сектори. Повеќето од развиените земји малопродажбата ја сметаат како еден од назјачајните економски елементи на земјата. Зошто е тоа така? Малопродажбата:

  • обезбедува огромно вработување а со тоа и посилна економија на државата (во еден просечен град од околу 100.000 жители доколку има 3.000 малопродажни објекти со просек oд 3 вработени тоа се скоро 10 процентно вработување)
  • поттикнува инвестиции (се градат објекти, се инвестира во опрема, се градат пристапни патишта…)
  • носи технолошки напредок (се бараат нови начини на продажба, се бараат нови производи и/или услуги …)
  • претставува директен генератор на приход
  • обезбедува стоки и услуги по соодветна цена на крајните потрошувачи
  • претставува директен контакт со корисникот на производите и/или услугите

Но, од друга страна не е лесно да се работи и опстане во овој сектор бидејќи:

  • Постои голема конкуренција (најлесно е да се започне со малопродажба, се бира локација, се набавуваат производите и се отпочнува со малопродажба)
  • Малопродажбата секогаш е прва на удар на инспекциските органи за ситни работи (Ова е поради фактот бидејќи само тоа знаат да го работат. Но, размслуваме зошто е тоа така? Во еден поранешен систем во кој беше и нашата земја, големите претпријатија беа во сопственост на државата и по налог на некои т.н ценрални комитети нормално не сепроверуваа. А, од друга страна малопродажбата беше еден од ретките можности за приватен сектор и претприемничко работење, па секако преставуваа „најголема опасност“ за државата. Со тоа инспекциските органи стекнаа едно огромно искуство во малопродажбата. Е, токму тоа искуство стекнато од еден поранешен период не може да се избрише. Иако штетата за државата на некои други места е многу поголема.)
  • Мора да ги следи роковите, цените, пазарот… Доколку не се следат овие елементи набавените производи можат да остнат на грбот на малопродавачот и наместо профит следува загуба.

Дистрибуцијата на потрошувачките производи започнува со производителот, преку еден или повеќе дистрибутери, преку малопродавачот до крајниот потрошувач. Значи, од малопродажбата во голем дел зависи и успехот на одредени производи и/или услуги.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*