Вашиот бизнис е ништо се додека не слушнат за него купувачите.
Ова е трет месец од теми на претприемач од областа на претприемништвото. Имате 30 дена за да примените се што ќе научите од оваа тема која се однесува на бизнис идеја.
Маркетингот – најважната функција на секој бизнис.
Сметам дека кај нас не се дава вистинското значење за маркетингот или пак доколку се дава тоа значење и користење не е на еден систематски начин. Па затоа и резултатите се слаби.
Вообичаено претприемачите скокнуваат од една во друга маркетинг активност без притоа да проверат каква е полезноста и каква е користа врз севкупниот бизнис систем. На претприемач веќе повеќе од година секоја недела разработуваме по едно маркетинг средство што малите бизниси можат да ги искористат. Но, она што е важно е што сите тие маркетинг средства се поврзани на некој начин едно со друго и секако имаат заедничка цел – привлекување на повеќе потрошувачи за бизнисот и одржување на соодветна врска со тековните потрошувачи. Токму тоа не се согледува од страна на претприемачите денес, особено претприемачи на малите бизниси. Па затоа и сакам со оваа тема да дадам еден мал допринос за еден сосема нов приод кој ќе треба да го примените во маркетингот, а во еден многу подетален приод навлегувам во премиум материјалот на претприемач.
Ќе земам еден помодерен пример за да го претставам ова што го зборувам во овој дел. Маркетинг средство како Google Adwords. Функционира на таков начин што претприемачот определува буџет за секоја кампања, избира зборови за кои сака да му се појави рекламата и го определува составот на рекламата. И ОК очекува Google да му праќа посетители. Тоа Google и го прави праќа посетители до веб страната која како дестинација ја навел претприемачот. Но, тука постојат и огромен број на скриени проблеми кои нема да ги видите се додека не го потрошите буџетот или додека не се освестите дека за џабе ги трошите вашите пари предвидени за маркетингот. И добро, сега во оваа тема не ми е целта да навлегувам во онлајн рекламите во вид на Google Adwords туку едноставно сакам да прикажам несистематски приод во однос на оваа маркетинг средство од страна на еден претприемач. За да се тргне со еден систематски приод за оваа маркетинг средство ќе треба да се тргне од:
- Веб страната – друго маркетинг средство
- Што сака претприемачот да направи посетителот пратен од Google? Дали да купи производ или услуга? Дали да влезе во Opt-In листата? Дали да се едуцира, па да влезе во Opt-In листата, па на крај да купи?
- Кои посетители сака претприемачот да ги доведе до посакуваната веб страна? Ова е многу важно прашање кое ќе ви заштеди многу пари и ќе го направи ова маркетинг средство поефикасно и поефективно. Доколку претприемачот продава фотоапарати ќе треба да ги избере зборовите кои го отсликуваат еден посетител на веб страна кој бара да купи фотоапарат. Значи претприемачот треба да навлезе во психата на потенцијалниот потрошувач за да го таргетира вистинскиот.
- Како оние кои се само заради едукација да ги конвертира во потенцијални купувачи во сопствената Opt-In листа и потоа да ги конвертира во купувачи?
Ова се само некои од прашањата за ова маркетинг средство кое ќе му даде еден системски приод за користење на истото. Oна што го опишав тука за ова маркетинг средство, а може да се примени и за сите други е следново:
- Треба точно да се утврди местото на поединечното маркетинг средство со сите останати.
- Треба да знаеме што точно сакаме да постигнеме со одредено маркетинг средство.
- Треба да навлеземе во психата на потенцијалниот потрошувач за да го дизајнираме така да го привлече неговото внимание.
- Треба однапред да ја знаеме процедурата за конверзија на секој потенцијален купувач во купувач.
Значи ништо не функционира посебно и одлуките во едно маркетинг средство ќе влијаат на другото, ќе влијаат на потенцијалните потрошувачи и ќе влијаат на целокупниот бизнис. Тоа е едно системски размислување кое се разликува од она што повеќето претприемачи
Кога станува збор за маркетингот најважните елементи кои ќе треба да ги дизајнирате се:
- Привлекување на внимание
- Одржување на тоа внимание
- Конверзија
- Одржување на успешна конверзија
- Цени
- Маркетинг стратегии
Ова значи дека ви е како претприемач мора да го дизајнирате маркетинг системот за да привлечете внимание врз Вашиот бизнис. Како ќе го привлечете вниманието на потенцијалните купувачи. Со соодветен избор и микс на маркетинг средства, но и со градење на вашиот бизнис како нешто вредно во очите на потрошувачите.
Откако ќе привлечете внимание ќе треба и дам им го задржите. Не е доволно некој да ве види, влезе, купи и никогаш повеќе да не се врати. Луѓето забораваат. Немојте да мислите дека ќе ве паметат засекогаш. Потребно е да ги потсетувате и повторно да ги привлекувате за повторување на бизнисот. Тоа е еден систем кој ќе треба да обезбеди континуитет.
Третиот важен елемент на кој треба да обрнете внимание е конверзијата. Конверзијата се изразува во проценти. На пример од 1000 потенцијални купувачи на кои им е привлечено вниманието доколку 50 купат тоа претставува конверзија од 5%. Како ќе ги конвертирате тие потенцијални купувачи во вистински купувачи? Одговорете на оваа прашање и вклучете ги одговорите во дизајнот на вашиот бизнис.
Второто прашање на кое ќе треба да дадете одговор при дизајнот на Вашиот бизнис е како да ја одржувате и подобрувате таа конверзија. Ова е постојана активност во бизнисот и не треба да се остави да се одвива сама по себе. Ние градиме еден системски пристап во Вашиот бизнис. Затоа не оставаме ништо на случајноста.
Како посебен елемент во маркетингот ќе треба да навлезете во дизајнирање на системот за поставување на цени на производите или услугите кои ќе ги нуди Вашиот бизнис. Ова е можеби и едно од најважните пршања кои ќе ги одговорите или одлуки што ќе треба да ги донесете за вашиот бизнис.
Стигнав и до последниот дел од маркетинг елементот на дизајн на бизнисот, а тоа е маркетинг стратегија. Некои елементи веќе ги опфативме целта е со овој елемент она што сме го опфатиле да го обликуваме во една стратегија за да дадеме еден стратешки приод во дизајнирање на нашиот бизнис.




