На артиклите на претприемач веќе пишувавме во два наврати за маркетинг планот:
- Маркетинг план како дел од бизнис планот. Во овој напис го опфативме маркетинг пнаот како еделемнт од бизнис планот.
- Што треба да содржи маркетинг планот. Во овој напис се дадени точките или поднасловите кои би требало да се опфатат како дел од маркетинг планот.
Оваа маркетинг средство заедно со маркетинг календарот претставуваат средства кои не се директно насочени кон промотивните активности на маркетингот туку кон оптимизирање на самиот маркетинг процес на малите бизниси.
Овој блог напис нема да оди во формализација на маркетинг планот како наслов, резиме, содржина … Туку ќе се насочи кон најосновните елементи кои треба да ги опфатите во Вашиот маркетинг план.
Што претставува маркетинг план
Наједноставно кажано маркетинг планот претставува блупринт за комуникација на пораките за Вашите производи и/или услуги со тековните или потенцијалните потрошувачи. Со други зборови, маркетинг планот претставува детален патоказ кој ги опфаќа вашите маркетинг стратегии, тактики, активности, трошоци и проектирани резултати во однос на временскиот период за кој се однесува маркетингот.
Маркетинг планот претставува пишан документ каде се опфатенеи неопходните маркетинг активности со кои треба да се исполат една или повеќе маркетинг цели.
Целта на маркетинг планот е:
- да ги координира бизнис целите
- да го дефинира пазарот и да го сегментира пазарот
- да го дефинира маркетинг миксот со кој бизнисот ќе излезе на пазарот
- систематизира активностите за избраните маркетинг сратегии.
Маркетинг планот треба да биде динамичен документ кој може и треба да се менува од време навреме. Да, маркетинг планот претставува бескраен циклус кој започнува и никогаш не завршува. Или би ребало да не заврши.
Минимална содржина на маркетинг планот
Еве во неколку цртки што минимално треба да содржи Вашиот маркетинг план:
- Прво мора да започнете со дефинирање на бизнис целите во вид на бројки. На пример, зголемување на продажба за 10%, зголемување на приходи за 15% или пак зголемување на профитот за 12%. Овие цели потоа трансформирајте ги во потребни потрошувачи – купувачи. Како? Например Вашата цел е приходот да се зголеми за 15%. Претходната година сте мале приход од 5.000.000 денари што ќе значи дека Вашата цел е наредната година да имате приход од 5.750.000 денари. Просечна продажба по купувач Ви е 1000 денари. Ова значи дека ќе треба да имате 5750 купувачи за да ја остварите целта. Доколку Вашата продажна инка има капацитет на трансформација на потенцијални потрошувачи во вистински купувачи од 5% Вие ќе треба да доведете во Вашата продажна инка 115.000 потенцијални потрошувачи.
- Бидејќи веќе знаете колку купвачи ќе ви бидат потребни можете да започнете со анализа на пазарот и сегментација на истиот. Целта на овој чекор е да го дефинирате пазарот каде ќе можете да ја остварите бројката од 115.000 потенцијални потрошувачи. Откако ќе завршите со оваа анализа вие ќе имате една едноставна реченица: Ќе се насочам на пазарот на млади луѓе под 30 години кои имаат потреба од моите производи и/или услуги.
- Значи имате потребен број на потенцијални потрошувачи и го знаете вашиот целен пазар, сега ќе треба да го искомбинирате Вашиот маркетинг микс за да можете да ја постигнете дефинираната бројка од првиот чекор. Во овој дел ги дефинирате предностите на Вашите производи и/или услуги и нивните вредности во очите на потрошувачите. Ги дефинирате дистрибутивните канали и цената на Вашите производи и/или услуги. И на крајот ги дефинирате промотивните стратегии со кои треба да привлечете 115.000 потенцијални потрошувачи во Вашата продажна инка.
- И како последен чекор од овој мини маркетинг план е да ги систематизирате активностите кои произлегуват од истиот. Ова го извршувате со помош на маркетинг календарот. Темплејтот на овој маркетинг календар ќе можете да го добиете со регистрација за неделни билтени на претприемач.
Со помош на овие едноставни четири чекори ќе имате маркетинг план кој ќе ви овозможи постојано подобрување на Вашите маркетинг активности како и соодветно исполнување на бизнис целите.
[…] Маркетинг план како маркетинг средство и […]