post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – БИЗНИС КАРТИЧКИ

Ќе започнеме со серијата на маркетинг средства кои ги најавивме во написот за маркетинг средства општо. Како прво маркетинг средтсво или оружје ќе бидне бизнис картичка. Секој бизнис без разлика во која фаза од животен циклус се наоѓа или без разлика дали е стартап и постоечки бизнис МОРА да има бизнис картичка. Бизнис картичката ги има сите информации кои се потребни за некој кога ќе има потреба од Вашиот бизнис да дојде до вас или да ве исконтактира на било кој начин. Во однос на трошоците бизнис картичките се најоптимално маркетинг средство. Од друга страна не треба да се сфати дека бизнис картичката ќе има можност да каже се за Вашиот бизнис. Ќе фалат производи и/или услуги, ќе фалат одередни начини на изведување на бизнис процеси итн. Она еж што е најважно бизнис картичката треба да претстави еден професионален имиџ на Вашиот бизнис. Имиџ кој ќе биде запомнет од имателот на картичката и кој ќе предизвика превземање на акција од страна на тој потенцијален потрошувач.

BusinessCards Од типот на бизнисот ќе зависи и типот и квалитетот на една бизнис картичка. Компанија која нуди консултантски услуги сигурно ќе оди со поквалитетна и во боја бизнис картичка, што ќе претставва сосема поразлична од бизнис картичка на еден авто механичар која може да биде и црно бела со слика која ќе асоцира на поправка на автомобил.

Бизнис картичките денеска може да бидат на различен начин изработени со различен стил и на различен медиум. Еве некои примери и типови на бизнис картички кои може да ги вклучите во Вашата маркетинг стратегија:

  • Хартиени бизнис картички се оние кои се изработени на обична хартија. Овие картички се најевтини, но и не создаваат доволна импресија. Имаат недостаток што може бргу да се искинат и фрлат. Така да овие бизнис картички не се препорачливи. Можете да ги користите единствено на масивни собири како саеми за да се поделат на колку што може повеќе луѓе.
  • Картонска бизнис картичка со димензии за да може да се носи во паричник. Оваа картичка може да биде во црно-бела боја или во колор. Доколку не е потребно со Вашата бизнис картичка да создадете импресионирање ќе биде доволна за почеток. Колор бизнис картички создаваат позитивна импресија и професионален имиџ и препорачливо е да се корисат такви бизнис картички. Колор бизнис картички се оскапи од црно-белите или пак еднобојни картички, но може да имаат многу поголем повраток на инвестиција. На колор картичките може да ставите и Ваша слика со што ќе се овозможи појава на чувство на познавање.
  • Бизнис картички од нестандрден материјал се бизнис картички кои се изработени од други материјали како дрво, метал, камен итн. Ова се бизнис картички кои влегуваат во категорија на претставителни картички и служат како украс на кој ги има основните бизнис информации. Ова се најскапи бизнис картички бидејќи за нивното производство се користат нестандардни процеси како што е обработка со симнување на струганици. Но, во одредени ситуации како што се годишници или склучување на големи договори се навистина доста ефектни.
  • Повеќе-наменски бизнис картички се картички имаат повеќе од една намена. Тие можат да сжат како информативна картичка за Вашиот бизнис, а од друга страна да бидат и во вид на опустен купон или некоја друга вредна информација која може да му користи на имателот (на пример календар на задната страна, мапа на одреден дел од градот…). Било која од претходните картички може да биде повеќенаменска бизнис картичка доколку се додаде ваквата карактеристика. Со ваквите карички се обезбедува дека корисникот ќе ја чува бидејќи освен информацијата за Вашиот бизнис добива и друга вредна информација како календар или мапа.
  • Пластифицирани бизнис картички се оние картички кои се изработени од хартија или картон, но о печатење се пластифицираат со пластификатор. Овие картички даваат добра импресија, квалитени се и не се уништуваат бргу. Може да бидат малку поскапи од обичните аронски или хартиени бидејќи иаат уште еден процес на обработка – пластифицирање.
  • Електронска бизнис каричка претставува мини CD на кое се внесени основните информции за бизнисот. Овие картички мора да се уштат преку компјутер или друг читач на овие медиуми. Сега може да се каже дека овие картички и не се толку скапи. Но, сепак сеуште неможат да се прочитаат во секој момент бидејќи секој имател ќе нема читач на таков медиум секогаш кај себе. Овие картичкивообичаено се и повеќенаменски картички и содржат информции како туристички водич на земјата или градот во кој се наоѓа бизнисот, како и било кои други погодности.
  • Неконвенционални бизнис картички се бизнис картички кои навистина користат неконвенционален медиум како чоколадца, шеќерца за кафе, бонбони итн. Оваа се навистина интересни бизнис картички но рајноста им е многу мала, трае се додека не се изеде медиумот.

Често поставувани прашања околу бизнис картичките може да биде нивнта содржина, односно кои информации ќе ги претстави. Еве неколку совети:

  • На предна страна го имаат:
    • логото на Вашиот бизнис како и слоганот.
    • вашето име и презиме и работното место
    • адреса, телефон, мобилен, факс, e-mail, и веб страна на вашиот бизнис
  • На задната страна реба да има:
    • предности кои што ги нуди вашиот бизнис
    • услуги кои што ги нудите

На ваков начин предната срана е страна која дава информации за Вашиот бизнис, додека задната страна е онаа која дава информации кои се од видот на брошурата како маркетиншко средство.

Кога станува збор за израбтка можете да имате некоку опции:

  • Да ви ги изработат во печатница во поголема количина.
  • Самите да ги израбоите и испечатите на Вашиот принтер. Во ваков случај ќе ви треба колор печатач.
  • Самите да ги изработите преку веб апликации достапни на инернеот и да ги дбиете по пошта.

Секоја од овие опции има свои редности и недостатоци. На пример, најефтина опција можеби е печатење во печатница доколку нарачате поголема количина, но оваа опција нема да ви овозможи да ги менувате дизајнот и обликот на одреден временски период се додека не ги потрошите нарачаните.

Цената на бизнис картичките зависи од:

  • Бојата на картичката. На пример доколку користите една боја ќе биде оефтина, доколку ористите 2 и повеќе бои ќе биде поскапа.
  • Тежината на хартијата. Ова претставува дебелината на хартијата или картонот на картичката.
  • Пластифицирање. Доколку се пластифицираат картичките ќе бидат поскапи.
  • Количината. Колку поголема количина направте доколку ги печатите во печатница толку поевтино ќе ве чини една картичка. Вообичаено најголемите трошоци се дизајнот и подесувањето за печатење.

Запомнете дека бизнис картичката често претставува прво котакт на потенцијален потрошувач со Вашиот бизнис, па со тоа и го дава и првиот впечаток за Вашиот бизнис. И уште нешто, бизнис артичките служат да се делат на луѓе, а не да се чуваат и штедат. Колку повеќе поделите толку ќе биде поголема веројатноста да ги внесете тие луѓе во Вашата продажна инка. Затоа не ги чувајте за крас, делете ги. Тие не се изработени за Вас, туку за потенцијални потрошувачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Kodosh says

    Одлично!

Trackbacks

  1. […] и некои од традиционалните маркетинг средства како бизнис картички, брошури, […]

Speak Your Mind

*